Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Uncategorized @mk

01/11/2017

6Каква бизнис клима и е потребна на земјата, со колкав економски раст ќе се зголеми стандардот, ќе се отворат нови работни места, со еден збор Македонија да стане привлечна бизнис дестинација.

Заменик генералниот директор на Адора инженеринг, Душко Чифлиганец заедно со бизнисмени од државата и странство,  дебатираа на исклучително важни теми за развојот на македонската економија на Самитот Македонија 2025. Претставниците на домашната бизнис заедница и македонци кои со години работат во најпознатите светски компании или имаат свои бизниси надвор од Македонија, оценија дека не смее да се прават поделби, туку напротив, сите компании треба да имаат еднаков третман и услови за водење бизнис.

Премиерот на Македонија Зоран Заев и вицепрениерот за економски прашања Кочо  Анѓушев порачаа дека владата ќе има отворен и директен контакт со секој бизнисмен и секоја компанија, бидејќи целта е да се создадат подобри услови за бизнис, а со тоа и за подобар животен стандард за сите. Македонија мора да вложува во отворена економска соработка со сите, во подобро образование и подобар правен систем и само на тој начин ќе им даде шанса на младите луѓе со иновативните идеи да ја поведат земјата кон подобра иднина, беше порачано од Самитот Македонија 2025 во Скопје.

10

panel-1-7