Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Зошто Адора

Прва компанија со енергетски пасош за еко објект А-класа во Македонија 

Адора инженеринг е пионер во воведувањето и лидер во унапредуањето на енергетски ефикасните домови во Македонија и регионот и компанија која во 2014 година го доби првиот енергетски пасош А-класа во Македонија за станбен еко објект изграден во општина Аеродром, Скопје.
eko-domovi

  • Сертификатот енергетски пасош ги потврдува одличните енергетски параметри на објектите, драстично намалената потрошувачка на енергија за греење и ладење во еко домовите и намалената емисија на CO₂ во воздухот, со долгорочни позитивни ефекти и придобивки за станарите и животната средина.
  • Адора инженеринг е прва компанија која станбените објекти во општина Аеродром, Скопје, ги изгради со стручна „Студија за топлинска заштита, пародифузија и топлинска стабилност на градежните конструкции и енергетски карактеристки“ која потврдува дека објектите имаат до 6 ( шест ) пати помали годишни трошоци за греење во однос на поранешниот станбен фонд во Македонија. За стан со површина од 50 м², во зимската сезона, со греење на струја, месечната сметка за греење, сега е околу 1.300 денари, за разлика од поранешните 7.500 денари“. – д-р Петар Николовски, стручњак за енергетска ефикасност.
  • Енергетски сертификати А-класа од лиценцираната фирма ДЕЛТА проект досега имаат добиено сите новозиградени станбени објекти на Адора инженеринг, со регулирањето на оваа областа во 2013-та година.
  • Прва компанија која во Македонија ги воведе фотоволтаиците на сончеви колектори, како обновлив извор на енергија за осветлување на заедничките делови на станбените објекти, кои се независни од јавното осветлување, без посебни сметки за струја. Почнувајќи од првиот станбен објект во Карпош, Скопје, од 2005 година, компанијата ги облагородува со зелени еко појаси и паркови сите објекти.
  • Адора инженеринг има добиено пет национални признанија за изградба на еко домови и за најдобри општествено одговорни практики за заштита и одговорен однос кон животната средина од министерството за економија на Република Македонија за 2010, 2011, 2012, 2013 и 2015 година.