Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Зошто Адора

Мотото дека еден човек или компанија не постојат сами за себе или за своето опкружување и повеќегодишната практика на менаџментот за помагање на заедницата, прерасна во стратегиска определба за вложување во секоја општина каде Адора инженеринг гради објекти, со цел успехот да се подели со заедницата, а повратните ефекти од инвестициите и економските резултати да ги почувствуваат купувачите, граѓаните и општеството во целина.

Согласно етичкиот бизнис кодекс, во релациите на Адора инженеринг со вработените, купувачите, бизнис-партнерите, локалните и државните институции, граѓаните, асоцијациите и општеството, приоритет е да се почитуваат правилата за етичко, морално, чесно, фер, здраво и респектабилно однесување со еднакви можности за сите, преку грижа за другите членови на заедницата, на кои тоа им е најпотребно. Со амбиција компанијата да е дел од етички и морално здраво општество, почнувајќи од секој вработен, до менаџментот, целта е да се изгради етичка деловна култура и да ја применува во сите сегменти на делувањето. Адора инженеринг од мај 2012 година е членка на Глобалниот Договор на ООН, со што компанијата зазеде поструктуиран пристап кон општествената одговорност, стремејќи се во иднина да ги следи глобалните текови во оваа област.

Izveshtaj Adora OOP 2014 - GC UN_Page_01

 

Извештај за реализираните општествено одговорни активности на Адора инженеринг во Глобалниот Договор 2014. 

 

 

 

Долгорочните проекти кои години наназад ги реализира Адора инженеринг се: „Вложуваме во општините за доброто на граѓаните“, „Вработените се наше најголемо богатство“, „Заедно ја градиме иднината“, „Еко домови за денес и за утре“.. Општествено одговорните практики станаа филозофија и традиција, секојдневна работа, нераскинлив и препознатлив дел од корпоративниот идентитет и бизнис имиџ на компанијата.

 

Донации – вложување во заедницата

1

Православен храм Свети Јован Крстител-Скопје

Во 2014 година како дар за жителите на Скопје и Македонија, подигнат е православниот храм „Свети Јован Крстител“, една од најубавите цркви во општина Аеродром. Мотив за оваа донација за ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец, беше Адора инженеринг да остави вредно дело, достојно за почит во општина Аеродром, каде што градежната компанија има најголеми инвестиции во изградба на тринаесет елитни станбено-деловни објекти.

 

2

Спомен-обележје за Богојавление-Водици-Охрид 

Во 2014 година подигнато е спомен-обележјето „Фаќач на крст“ во Охрид- градот на УНЕСКО, најголемиот туристички и културен центар во Македонија, посветено на богатата огојавленска традиција во духовниот центар на православниот свет. Обележјето што прерасна во репознатлива верско-туристичка атракција е подарок за жителите, домашните и странските посетители на Охрид од Адора инженеринг и кумот на Водици Охрид-2012, проф. д-р Ванчо Чифлиганец

 

 

 

3

Саат кули во Ѓорче Петров-Скопје и Струмица .

Две саат кули во Ѓорче Петров-Скопје и во центарот на Струмица, изградени во 2009-та и 2010-та година. За двата проекти добиени се национални награди во категоријата „Вложување во заедницата“ од министерството за економија за најдобри ООП во Македонија.

 

 

4

Фонтана Македонија–Кисела Вода-Скопје 

Во општина Кисела Вода- Скопје, во 2011-та година е изградена фонтаната Македонија, со што стариот запуштен парк стана средено и разубавено зелено катче за прошетки, игри, забава, одмор и релаксација. Проектот е награден од  министерството за економија за најдобри ООП, во категоријата „Вложување во заедницата“.

 

Хуманитарни акции

Во 2012-та и 2014-та година во четири хуманитарни акции поделени се 200 хуманитарни пакети на сите категории социјално загрозени семејства од Охрид, во соработка со Црвениот Крст. Компанијата организира хуманитарни акции за собирање стара облека, предмети, покуќнина и  донира новогодишни пакетчиња за болните деца и опрема за градинки.

 

Студентски стипендии

Во 2012 се доделија стипендии за двајца талентирани студенти од Охрид, а во 2013-та и 2014-та година се стипендираат студиите на студентка на архитектура на универзитетот во Љубљана, Словенија. Целта е да им се помогне на младите амбициозни и талентирани луѓе да се развиваат, образуваат и во иднина со своето знаење и вештини да помогнат во развојот на државата.

 

Грижа за вработените

1

Континуирана едукација 

Компанијата обезбедува учество на стручни обуки, конференции и форуми за континурано усовршување на вработените, овозможувајќи им повисока едукација и преку поддршка на постдипломските студии на докторантите и магистрантите во компанијата, професионален и личен развој.

 

 

2

Организирана исхрана  

Компанијата години наназад им обезбедува организирана исхрана на вработените на градилиштата, преку неколку топли оброци за градежните работници, иако тоа не е законска обврска. Целта е преку грижа за вработените, да се постигне поголема продуктивност на работното место, од корист на вработените и компанијата.

 

3

Заеднички прослави

Вработените заедно со менаџментот организирано ги прославуваат поголемите празници и значајни поводи, а со младите поколенија се одбележуваат и важни датуми со пригодни прослави.

 

 

 

Поддршка на науката, спортот и културата

4

Наука

Адора инженеринг подржува голем број научни и стручни форуми, универзитетски и школи за млади лидери, институти, манифестации и стручњаци.

 

 

 

5

Спорт

Од 2012 до 2014 година, компанијата во спортот ги поддржа кик боксерот Димитар Ѓорѓиев, КК МЗТ Скопје Аеродром, Боречкиот клуб Радовиш, Меѓународна кајак-кану регата, Охрид и други спортисти, екипи и манифестации.

 

 

6

Култура

Во 2012 и 2013 година, компанијата ги поддржа интернационалниот реномиран фестивал „Охридско Лето“ и други манифестации и настани од културата.

 

 

Грижа за животната средина

Компанијата има реализирано повеќе проекти за изградба на зелени еко домови, за користење на обновливи извори на енергија, за озеленување и хортикултурно оплеменување во околината на станбените објекти, со сопствени акции, како и со поддршка на националните акции за зелена Македонија. Од овие проекти позитивни ефекти имаат купувачите, вработените и животната средина.

 

Грижа за купувачите

Имајќи го задоволниот купувач како највисок приоритет, Адора инженеринг негува пријателски односи со своите купувачи, за кои постојано организира промоции со вредни награди и изненадувања, гратис патувања, пригодни подароци за прослави. Компанијата сака да им возврати на купувачите за довербата и лојалноста со внимание и почит.