Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Зошто Адора

Врвна асеизмичка стабилност докажана со вештачки земјотрес 

Адора инженеринг е прва и единствена компанија која во самостојна Република Македонија асеизмичата стабилност на станбените објекти научно и практично за докажува со тест-вештачки земјотрес, заедно со реномираниот Институт за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС.

  • Првиот вештачки земјотрес е реализиран по повод 50 годишнината на скопскиот земјотрес, во јули 2013 година на станбено-деловен објект во модерната населба „Адора“ во Скопје, општина Аеродром, Ново Лисиче.
  • Вториот вештачки земјотрес е реализиран во февруари 2014, на станбен објект во модерниот комплекс во општина Аеродром, во близина на црквата Св.Илија, во Скопје.
  • „Со симулирани потреси од 5,5 степени според Европската макросеизичка скала, кои минаа без никакви оштетувања, пукнатини и проблеми, се докажа врвната безбедност и цврстина на објектите, што се мери на 100 мерни точки. Адора инженеринг е единствената градежна компанија која ги тестира зградите со вештачки земјотрес, како спрега на науката и квалитетот, дава квалитетни објекти и е добар пример за другите“- проф. д-р Михаил Гаревски, дир. на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС.
  • „Врвната стабилност на објектите се должи на вградувањето на 40 до 50 % поцврсти и појаки материјали, железо и бетон од проектираното, МБ 35-50 и цврстите армирано-бетонски конструкции, што гарантира безбеден објект, сигурност и спокоен сон за станарите. Геомеханичката и асеизмичката стабилност на објектите е темел на сигурен дом, за што правиме опсежни испитувања, анализи и бонифицирање на тлото, доколку е потребно, а унифицираната методологија на градба се применува во сите објекти на компанијата“- проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг.
  • Со тестирањето на стабилноста на објектите со вештачки земјотрес, преку примерот на Адора инженеринг, високоградбата и градежништвото во Македонија ја афирмираат безбедната и квалитетна македонска градба во регионот, Европа и светот.