Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Зошто Адора

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец е формирана на 26 декември 2014 година, за поддршка и унапредување на образованието, спортот, културата, уметноста и заедницата. Целта е преку доделување стипендии на талентирани ученици и студенти, да се помогнат младите и амбициозни луѓе во нивната едукација и тие да бидат предводници на развојот на државата, за попросперитетна иднина. Во приоритетите на фондацијата е организирање на хуманитарни акции и донации преку доделување на материјална и нематеријална помош, со цел да се поддржат ранливите категории на општеството во задоволување на нивните егзистенцијални потреби и граѓаните на кои им е потребна помош, во создавање услови за подобар живот.

Основач на фондацијата е градежната компанија Адора инженеринг, а директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој е воден од мотивот да и возврати на заедницата за солидарноста и поддршката, благодарение на што и самиот се образувал и професионално развивал. За похумано и попросперитетно општество вклучете се и вие во активностите на фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

fondacija-logo