НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЕКО ДОМОВИТЕ СО ДОЛГОРОЧНИТЕ ЗАШТЕДИ СЕ НАЈИСПЛАТЛИВА И НАЈСИГУРНА ИНВЕСТИЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ

ЕКО ДОМОВИТЕ СО ДОЛГОРОЧНИТЕ ЗАШТЕДИ СЕ НАЈИСПЛАТЛИВА И НАЈСИГУРНА ИНВЕСТИЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ

„Преку долгорочните заштеди на енергија и пари, капиталот вложен во недвижности и нов еко дом е најисплатлива и најсигурна инвестиција која за неколку години им се враќа на граѓаните“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор  на Адора инженеринг на прес конференцијата во Градежната комора на Македонија. На средбата со првите луше на градежните компании беше истакнато дека купувањето нов дом не е само за денес, туку и за идните генерации и дека енергетски ефикасните домови со европски квалитет на градба овозможуваат неколкукратни заштеди во споредба со старите станови. „Адора инженеринг покрај тоа што гради докажано стабилни домови со 50 % поголема цврстина на бетоните од пропишаното, на купувачите им нуди висококвалитетни,  штедливи домови со значително намалени животни трошоци. Со термоизолираната фасада со 12 cm графитен стиропор и Rehau прозорите, потрошувачката на електрична енергија е до 76 %  помала споредено со старите станови. Во зимскиот период во домовите на Адора станарите во просек плаќаат по 24 денари на 1 м² за греење, а во летните жештини, нема потреба од вклучување клима уред до 37 ˚C, што резултира со значително пониски сметки за струја за разлика од порано. Купувачите бараат и препознаваат квалитет и тие знаат дека за купен квалитетен м² станбен простор во Македонија плаќаат доста пониски цени споредено со цените на недвижностите во другите држави“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор  на Адора инженеринг, кој во Сојузот на стопанските комори на Македонија апелираше побрзо да се врати поволната бизнис клима и ефикасноста на институциите за да се обезбеди континуитет на  стабилност  во градежниот  сектор, како најважен двигател на националната економија. komora-1

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ