НОВОСТИ

НОВОСТИ

Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ и Адора Бизнис Групацијата, како главни партнери, отворија нова детска градинка во село Љубиш, кај Златибор

Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ и Адора Бизнис Групацијата, како главни партнери, отворија нова детска градинка во село Љубиш, кај Златибор

Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „проф.д-р Ванчо Чифлиганец“, со Адора Бизнис Групацијата, како главни партнери во заедничка мисија, отворија комплетно реконструирана детска градинка во село Љубиш, во близина на Златибор и покажаа дека хуманоста нема граници. Се работи за нова, современо опремена градинка во рурална средина во општина Чајетина во Србија, што е дел од проектот на Фондацијата Ѓоковиќ да се развијат помалите места и преку поквалитетен живот да се мотивираат луѓето да не се отселуваат и да останат тука. Градинката во селото Љубиш, што се наоѓа на само неколку километри од Златибор, е 46-та новоотворена детска градинка, чија цел е да им се обезбеди на децата од предучилишна возраст од помалку развиените средини, да учат, да играат и да се развиваат во безбедна, адекватна и креативна средина. На отворањето на градинката присуствуваше градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кој им се заблагодари на двете фондации за хуманата мисија, во името на жителите и децата од селото Љубиш, чија радост беше огромна. Благодарница до менаџментот на Адора, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Душко Чифлиганец им врачија лично, Новак и Јелена Ѓоковиќ. „Една детска насмевка вреди повеќе од сè на светот“, порача Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, потенцирајќи дека е огромна чест да се соработува со фондација од глобален ранг и со семејството Ѓоковиќ, а задоволството што се овозможува посреќно детство и подобро образование на најмладите, чиj квалитет е клучен за подобро утре, се неизмерни. Преку соработката со Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ја продолжуваат корпоративната општествено одговорна традиција секогаш да возвраќаат нешто назад во средините во кои имаат деловни активности и да го споделуваат успехот со населението и локалната заедница. Адора, како растеше во изминативе 20 години, постојано учествуваше во градење на подобро општество за сите, вложувајќи повеќе од 5 милиони евра во поддршка на спортот, здравството, културата, образованието. Филантропската мисија на Адора, продолжува во Србија, кадешто преку новоформирата компанија, Adora Living Solutions, која е нејзин претставник на српскиот пазар, го гради иновативниот резиденцијално-хотелски комплекс од 7.000 м² „21st Century Residence, Spa & Wellness by Adora“, со голем број добро осмислени содржини за комплетно планинско уживање во прекрасниот Златибор.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ