ЗОШТО АДОРА ?

СТАБИЛНОСТ И КВАЛИТЕТ

Адора инженеринг е синоним за изградба на цврсти, асеизмички стабилни домови со стандардизиран квалитет, според најновите трендови во високата градба.

СИГУРЕН ДОМ ЗА СПОКОЕН СОН

Ние сме прва компанија која во самостојна Македонија, врвната сеизмичка стабилност на објектите ја докажа со вештачки земјотрес, во соработка со реномираниот Институт за земјотресно инженерство и земјотресна сеизмологија – ИЗИИС. Првиот симулиран потрес реализиран во 2013 година, на 50 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, со јачина од 5 степени според Европската макросеизмичка скала и следните потреси не предизвикаа никакви оштетувања, ни пукнатини на објектите. Високата геомеханичка стабилност на нашите објекти, (од 80 до 105 Mpa) се должи на дебелината на армирано-бетонската плоча (до 155 cm), високиот процент на вградено железо, арматура и бетон во конструктивниот систем и на цврстината на бетонот (од 35 до 50 МБ), што ја надминува проектираната јакост.

КВАЛИТЕТ ПО СОВРЕМЕНИ СТАНДАРДИ

Високиот квалитет на нашите недвижности е резултат на следењето и примената на светските стандарди и актуелни трендови во високата градба, современите технологии и сертифицирани материјали од афирмирани брендови и иновативните решенија, во што компанијата е предводник во државата и регионот. Адора не продава само m² станбен простор, туку домови со траен и долгорочен квалитет и комплетен комфор од сите аспекти, еко, светлосен, топлински и акустичен, чии придобивки за безбедно, квалитетно, економично, здраво и пријатно домување, ги уживаат повеќе генерации граѓани.
Адора инженеринг е добитник на највисоката награда „Македонски квалитет 2018“ за долгорочно унапредување на квалитетот и традицијата во создавање и одржување на национален бренд.

ИНОВАТИВНОСТ И ДИЗАЈН

Иновациите во концептот на домувањето и постојаното подобрување на квалитетот, стилот и дизајнот, во функција на позадоволни клиенти, е наш приоритет. Градежниот бренд кој во 2006-та година ги воведе енергетски ефикасните домови кога тоа не беше законски регулирано во регионот, секогаш е неколку чекори пред прописите и стандардите. Водени од идејата на граѓаните да им го понудиме најдоброто домување, последните години посебно внимание посветивме на осовременување и облагородување на ентериерот на објектите, каде чувството на дом излегува од ѕидовите на станот, почнувајќи од надворешноста на објектот.
Нашите архитекти, во соработка со искусни европски стручњаци за внатрешен дизајн, во новите објекти внесоа уникатен дизајнерски израз, според последните трендови на глобалната урбаната архитектура: Атриуми со изобилство природна светлина, автентичен декор, филигрански обработени подови и ѕидови, елементи од природни материјали, балансирана хармонија со стилски дизајнирана и модерно изработена ентериерска галантерија.Адора Flatiron во ново руво го донесе урбаниот дух на Њујорк во современо Скопје, а Дијамантската градина на Адора го воведе светскиот тренд на зеленото домување во државата.
Објектите Адора Flatiron и Адора Diamond Garden се добитници на интернационалната награда The Bizz 2016 во Монте Карло, за иновативност во стилот и квалитетот на домувањето од Светската бизнис конфедерација.

ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА

СЕРТИФИЦИРАН АКУСТИЧЕН КОМФОР – 80 % НАД МАКЕДОНСКИТЕ СТАНДАРДИ ВО ТИВОК ДОМ БЕЗ БУЧАВА
Прв пат во Македонија, во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden е воведен систем на одлична звучна изолација до 63 db – измерен индекс за намалување на звукот R’w=53 db. За прв пат во Македонија е верифицирана звучната изолација со сертификат за акустични својства од светскиот бренд со 350 годишна традиција, RIGIPS (SAINT GOBAIN). Со звучна изолација 80 % над македонските стандарди, според европските норми и најновите сознанија во областа на акустиката, на станарите им се гарантира мирен дом, заштитен од „звучно загадување“, имун на бучните соседи и градската врева во урбаната зона.
Специјално за најновиот објект „Аеродром Црква 3“, нашиот инженерски тим креира нов состав на сендич ѕид помеѓу два соседни стана и стан и заеднички ходник. Резултатите од мерењето на воздушната и ударната звучна изолација тука покажаа вредност на воздушната звучна изолација од R`=54,1 (dB) и вредност на нормализирано ниво на ударен звучен притисок од L’n = 56,5 – 57,5 (dB). Добиените вредносни параметри ги задоволуваат дури и највисоките европски стандарди за звучна изолација во станбени објекти.

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

ЕКОНОМИЧНО И ЗДРАВО ДОМУВАЊЕ СО А-КЛАСА ЕНЕРГЕТСКИ СЕРТИФИКАТ
Адора инженеринг е пионер во воведувањето и лидер во унапредувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија, кои компанијата ги гради 13 години, уште кога оваа материја не беше законски регулирана кај нас. Компанијата го изгради првиот енергетски ефикасен објект кој го доби првиот издаден сертификат за енергетски карактеристики на згради А-класа во Македонија.
Енергетската ефикасност постојано се подобрува и усовршува на секоја новоизградена зграда. Добиениот сертификат за најновиот станбен објект Аеродром Црква 3 со показател од 19,33 kWh/m²a, покажува дека овој тој е речиси за 6 мерни единици над горната пропишана граница за енергетска А-класа.
Адора прва ги воведе во Македонија фотоволтаичните системи, со користењето на обновливите извори на енергија, за осветлување на заедничките делови во објектите и ноќна илуминација, за што станарите не добиваат посебни сметки за струја.
Адора Flatiron Скопје е првиот станбен објект во Македонија кој е обложен со органска фасада од светскиот бренд STO, реномиран производител на фасади со иновативни технологии, со што е обложен и објектот Адора Diamond Garden.
Адора инженеринг има добиено 8 национални награди од Министерството за економија на Р. М, за изградба и унапредување на еко домовите, за заштита на животната средина, за заштита од звучното загадување, за изградба на најголемата внатрешна градина во Европа, за придонес во изградба на зелените градови.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И ФИЛАНТРОПИЈА

Долга и богата традиција на општествена одговорност, индивидуална и корпоративна филантропија, грижа за заедницата и граѓаните. Адора инженеринг од 2012 година е членка на Глобалниот Договор на ООН, најголемата асоцијација на општествено одговорни компании на светско ниво. Во 2014 година е основана Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за реализација на хумани акции, за поддршка на науката, образованието, спортот, културата и уметноста. Изградени се и донирани православниот храм Свети Јован Крстител во Скопје, спомен-обележјето Фаќач на крст за Богојавление-Водици во Охрид, две саат кули во Струмица и Ѓорче Петров, фонтана во паркот во Кисела Вода, обновен е опожарениот дом на Трајкови во Дедино-Општина Конче, од 2016 поделени се илјадници топли оброци на бездомниците и социјалните случаи во Скопје, помош на настрадани во елементарни непогоди, на институции за згрижување и лекување на деца, стипендии за талентирани ученици, студенти и вработени, поддршка на светскиот шампион во кик бокс Димитар Ѓорѓиев, формиран е клубот Работнички Адора и истоимениот кик бокс тренинг центар. Постојана грижа за купувачите, преку доделување автомобили, опремување на новиот дом, доделување универзитетски стипендии, наградни патувања во Куба, Дубаи, Рим, Венеција, Медитеранот..
Филантропијата со цел изградба на похуман, порамноправен, поздрав и посреќен свет со еднакви можности за сите, потврдена со над 20 национални ООП признанија и наградата предводник во остварување на целите за одржлив развој 2019 од ООН.