КАРИЕРА

Адора инженеринг секогаш е отворена за нови вработувања и за проширување на професионалниот, стручен, иновативен и креативен тим на компанијата.
Ги охрабруваме младите, амбициозни и иновативни луѓе, како и искусните стручњаци, со своите знаења, потенцијал и желба за постојан развој и професионално усовршување, да ги пласираат своите идеи кај нас, да предложат новитети и да бидат дел од успехот на компанијата.
Адора инженеринг ги поддржува своите вработени во континуираната едукација, усовршување, обучување и постојан развој, со цел новите стандарди и трендови на глобално ниво да се следат и применат во работењето на компанијата, а добробит од тоа ќе имаат граѓаните, националната економија и пошироката општествена заедница.

Вработените се најголемо богатство на компанијата. За одговорен однос и грижа за вработените, Адора инженеринг е добитник на национална наградата од министерството за економија.