НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Адора инженеринг е една од најнаградуваните македонски компании со над 50 добиени интернационални и национални признанија. Меѓународното реноме на компанијата е потврдено со 6 престижни интернационални награди доделени во Дубровник, Амстердам, Монте Карло, Париз, Мадрид и Виена од авторитетни светски асоцијации и организации. Компанијата има добиено повеќе од 40 национални признанија: за македонски квалитет, за одржлив развој, инвеститор на годината, прв градежен супербренд во државата, најеколошка и најпопуларна градежна компанија, 16 признанија за најдобри општествено одговорни практики, 8 за изградба на еко домови, 5 за вложување во заедницата, награда за животно дело, индивидуална и корпоративна филантропија, Свети Климентов орден од прв ред, бројни благодарници..

ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ

  • Интернационална награда „Креатори на столетието“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа, од Меѓународен економски форум Перспективи, Дубровник, Хрватска, 2019
  • Златен медал за квалитет за воведување на Boutique концептот на домување во Југоисточна Европа, од Светската маркетинг организација, Амстердам, Холандија, 2018.
  • The BIZZ 2016, интернационална награда за исклучителна иновативност во стилот и квалитетот на домувањето, од Светската бизнис конфедерација, Монте Карло, Монако, 2016.
  • Интернационална Европска награда за квалитет, од Клубот на светски бизнис лидери, Париз, Франција, 2014
  • Меѓународна награда за градежништво, од Клубот на светски бизнис лидери, Мадрид, Шпанија, 2014
  • Награда за Адора инженеринг за најдобра компанија во Европа и за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за најуспешен менаџер од Македонија, од Европската бизнис асамблеја, кралска палата Хофбурн, Австрија, 2012 година.

НАЦИОНАЛНИ ПРИЗНАНИЈА

  • НАГРАДА ЗА КОМПАНИЈА ПРЕДВОДНИК ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ 2019. ОД ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ – ООН, 2019.
  • НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2018. ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ОД СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА, 2018.
  • ДВЕ НАГРАДИ ЗА ИНВЕСТИТОР НА ГОДИНАТА ДОДЕЛЕНИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА НЕДВИЖНОСТИ, СКОПЈЕ, 2011 И 2012.
  • ПРВ ГРАДЕЖЕН СУПРЕБРЕНД ВО МАКЕДОНИЈА ИЗБРАН ЗА 2013/2014.
  • НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ. ОД БЕСТ БРЕНД, 2015.
  • НАГРАДА ЗА НАЈУСПЕШЕН МЛАД МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА 2018 ЗА ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ. ИЗБОР НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „МАЖИ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА“, 2018.
  • НАГРАДА ЗА ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ЗА 2017-ТА ГОДИНА. ОД БИТОЛСКИ ВЕСНИК НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „БИТОЛСКИ ОСКАРИ“, 2018.
  • НАГРАДА ЗА НАЈПОПУЛАРНА КОМПАНИЈА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА. ИЗБОР НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НАЈПОПУЛАРНИ ЗА 2014“.
  • НАГРАДА ЗА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ЗА ИНДИВИДУАЛЕН ФИЛАНТРОП ВО МАКЕДОНИЈА. ДОДЕЛЕНА ОД ЦИР-а, 2013.
  • СВЕТИ КЛИМЕНТОВ ОРДЕН ОД ПРВ РЕД ЗА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ. ДОДЕЛЕН ОД МПЦ, 2014.
  • ДВЕ ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА НАЈНАГРАДУВАНА КОМПАНИЈА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ ВО МАКЕДОНИЈА. ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА НА МАКЕДОНИЈА, 2012 И 2017
  • НАГРАДА ЗА НАЈЕКОЛОШКА КОМПАНИЈА ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ. ОД ГРАД СКОПЈЕ, 2013.
  • ОСУМ НАЦИОНАЛНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА ДОЛГОРОЧНА ИЗГРАДБА НА ЗЕЛЕНИ, ЕКО ДОМОВИ ЗА ПОЗДРАВА ИДНИНА И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА НА МАКЕДОНИЈА, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018.
  • ПЕТ НАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА И ВО ОПШТИНИТЕ ЗА ДОБРОТО НА ГРАЃАНИТЕ. ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА НА МАКЕДОНИЈА, 2008, 2010, 2011, 2014, 2017.
  • НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА ОДНОСИ СО ВРАБОТЕНИТЕ. ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА НА МАКЕДОНИЈА, 2011.
  • ВКУПНО 16 НАЦИОНАЛНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА. ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА (2010 – 2018).
  • НАГРАДА ЗА КОРПОРАТИВНА ФИЛАНТРОПИЈА ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ. ОД ЦИР-а, 2012.
  • БЛАГОДАРНИЦА ОД МАНУ ЗА ПЛОДНА И УСПЕШНА СОРАБОТКА. ОД МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ ПО ПОВОД 50 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ, 2017.
  • ПРИЗНАНИЕ ЗА Д-Р ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ-ДАМА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И НЕДВИЖНОСТИ, 2014.
  • СЕРТИФИКАТ ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ КОРЕКТНА ФИРМА, ЗА ОДЛИЧНА РЕПУТАЦИЈА ВО БИЗНИСОТ И КОРЕКТНОСТ ВО ОДНОСИТЕ СО КЛИЕНТИТЕ И ПАРТНЕРИТЕ, 2017
  • ДОБАР БРЕНД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ, ЗА ПОДДРШКА НА СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО МАКЕДОНИЈА, 2017.
  • ГОЛЕМ БРОЈ ПЛАКЕТИ, БЛАГОДАРНИЦИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА.