ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ОД 2014

За похуман, подобар, порамноправен и посреќен свет

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец е основана на 15 декември 2014-та година од Адора инженеринг, како круна на нејзината корпоративна општествена одговорност и продолжение на долгогодишната филантропска традиција на проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Мисијата на фондацијата е да го поддржи и унапреди развојот на образованието, науката, спортот, културата, уметноста, да организира хумани и други активности, со цел да придонесе за изградба на подобро и поздраво општество, посреќен и порамноправен свет, со еднакви можности за сите. Во текот на 17 годишното постоење, Адора инженеринг за поддршка на заедницата, вложила многу труд, љубов и средства во износ од околу 5 милиони евра.
За реализираните општествено корисни проекти, Адора инженеринг секоја година доставува извештај во Глобалниот Договор на ООН, со јавна објава на веб страната на оваа најголема глобална асоцијација на општествено одговорни компании во светот, каде Адора е активна членка од април 2012-та година.
Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец има корени во хуманоста и солидарноста која владеела во неговиот скромен семеен дом во родниот Раклиш, Радовишко, продолжува преку поддршката добиена за неговото образование и професионален напредок, за да прерасне во корпоративна навика, заштитен знак, етички бизнис кодекс и препознатлив имиџ на градежната компанија Адора инженеринг.
Мотото дека еден човек и една компанија не постојат само за себе и за своето опкружување, дека секој во рамките на своите можности треба да им помага на другите, да ѝ возврати на заедницата и да го сподели успехот со неа, беа водилки на Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец во реализацијата на голем број проекти од општ интерес.
Компанијата вложува во детски болници во Скопје, Радовиш и Струмица, саниран е дотраениот покрив за 100 ученици во Посебното основно училиште Златан Сремец во Скопје, опремени и помогнати се детски домови, градинки и училишта. Изградени се православниот храм Свети Јован Крстител во Скопје, фонтаната во паркот во Кисела Вода, саат кулите во Ѓорче Петров и Струмица, Спомен обележјето за празникот Богојавление-Водици во Охрид. За вложување во заедницата, добиени се пет национални награди од министерството за економија. Доделени се голем број стипендии на ученици, студенти, купувачи и вработени за поддршка на нивната континуирана едукација, организирани и поддржани се првата сертифицирана академија „Адора инженеринг“ во кампањата „Креатори на сонот“, Аутокад обуки и ЗД Макс Аутодеск обуки. Во рамките на поддршката на спортот, од 2013-та година Адора перманентно го помага Димитар Ѓорѓиев, трикратниот светски и европски првак во кик бокс, кој под покровителство на фондацијата го формира кик бокс клубот „Работнички Адора“ и го отвори модерно опремениот кик бокс тренинг центар, еден од најдобрите на Балканот. Во областа на културата, две години бевме главен спонзор на реномираната меѓународна манифестација „Охридско лето“ и генерален покровител на првиот самостоен концерт на поп пејачката Тамара Тодевска, а поддржавме објава и печат на голем број книги и публикации. Во борбата против гладта и сиромаштијата, од 2014-та година поделивме неколку илјади топли оброци на бездомниците во Скопје, а како помош на настраданите, изградивме нов дом за семејството Трајкови во Дедино, Конче, на место на опожарената семејна куќа. На социјалните случаи од Охрид и Дебрца, им поделивме 200 прехранбено-хигиенски пакети.
Со награди автомобили, патувања, вредни подароци, кујни, опрема за домот, универзитетско школување, елки и новогодишни пакетничиња, купувачите од Адора секогаш добиваат дополнителна вредност и парче среќа, со новиот дом.
Со почитување на принципите на Глобалниот Договор и целите за одржлив развој на ООН, ги прифативме предизвиците од новата ера за обезбедување одржлива иднина на светско ниво. Во 2019-та година компанијата ја доби наградата од ООН како предводник во остварување на целите за одржлив развој на национално ниво.