НОВОСТИ

НОВОСТИ

Награда за најеколошка компанија, 2013

Награда за најеколошка компанија, 2013

„Адора Инженеринг“дооел-Скопје  добитник на плакета НАЈЕКОЛОШКА КОМПАНИЈА во Македонија – за достигнување и популаризирање на грижата за  заштита на животната средина и природата за 2013 година, од Градот Скопје и Министерството за животна  средина  и просторно планирање на Република  Македонија,во рамки на овогодинешната, традиционална акција „Денови на пролетта-денови на екологијата“,како потврда за врвниот квалитет на еколошките и економични домови кои ги гради овој градежен лидер. „Адора Инженеринг“ дооел-Скопје ја доби плакетата НАЈЕКОЛОШКА КОМПАНИЈА во  Македонија,на Светскиот ден за заштита на животната средина,05.06.2013 година. Плакетата беше доделена лично од  Градоначалникот Коце Трајановски, денеска во Градскиот парк во Скопје, со пригодна  програма, на која  учествува ученици од основните  и средните училишта на Скопје, и добитниците на  други плакети, и признанија. Наградата на  Адора инженеринг и припадна како резултат на  успешната сертифицирана  примена на меѓународниот стандард ISO 14001 и приоритетната стратешка определба за заштита на животната средина,при градба на станбено деловните објекти,со примена на најсовремените европски еко технологии,зелена архитектура во работењето, геомеханичка  стабилност, асеизмичка градба, фотоволтажни и други системи за користење на обновливи извори на  енергија, и енергетски ефикасни градби. Ова ја прави компанија  лидер бидејки во Македонија сеуште не е донесен правилник, и светските трендови на  еко и енергетски ефикасни градба се  уште  не се  законска  обврска кај нас. Зелените еко домови на „Адора Инженеринг“ на граѓаните-станари им овозможуваат современо, квалитетно и економично домување, со секојдневна долгорочна заштеда на потрошената енергија и пари, заштита на животната средина од загадување и штетни влијанија и одржлив развој на општеството. Со одличните коефициенти на топлинска и звучна изолација на станбено-деловните објекти, со озеленувањето и богатото хортикултурно уредување на нивната околина, користењето на современи обновливи извори на енергија, соодветно управување со отпадот и други проекти. Како што истакна сопственикот на  „Адора Инженеринг ,Проф.д-р Ванчо Чифлиганец во своето обраќање при доделувањето на плакетата, компанијата активно и во иднина ќе работи на заштита на животната средина,и здравјето како вредност од витално значење за сегашните и идни генерации а паричната награда комплетно ќе ја намени во хуманитарни цели-и доуредување на Градскиот Парк-гордост на македонската метропола-Скопје.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ