НОВОСТИ

НОВОСТИ

Избор за градежен супербренд за 2013/2014

Избор за градежен супербренд за 2013/2014

Адора Инженеринг ја прими дипломата  супербренд за 2013/2014 година на свечената церемонија што во присуство на голем број македонски супербрендови и гости вчера се одржа во Сити Хол, Скопје.

Д-р Драгана Д. Чифлиганец и Зоран Саздовски со признанието Супербренд
Д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг, по примањето на престижното признание од Зоран Саздовски, директор на Супербрендс Македонија, порача дека по 12 годишното успешно работење, овој  градежен супербренд и натаму ќе продолжи со изградба на докажано сигурни, висококвалитетни еко домови, грижејќи се за своите купувачи, клиенти и за  пошироката заедница. Потврда за супербрендовскиот имиџ на Адора Инженеринг се и повеќето купувачи на станови кои се супербрендови, како и повеќето супербренд фирми со кои континуирано соработува компанијата. Градежниот супербренд Адора Инженеринг меѓу добитници на дипломите супербренд за 2013/2014 За третиот избор на македонските супербрендови, пазарни марки кои ја добија меѓународната титула Супербрендс за 2013/2014-та година, како дел од 1000-те меѓународни брендови распоредени во 27 категории, од почетокот на 2013-та година гласаа стручно жири и 8.000 потрошувачи.
Драгана Д. Чифлиганец, изв. дир. на Адора Инженеринг и македонскиот супербренд музичар Влатко Стефановски
Годинашната свеченост за доделување на признанијата на македонските супербрендови беше збогатена со присуството и настапот на супербрендот и култен македонски гитарист Влатко Стефановски и балканската актерска, режисерска и музичка легенда Раде Шербеџија.
Претставничките на Адора Инженеринг со познатиот балкански уметник Раде Шербеџија на гала свеченоста Супербрендс 2014
   

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ