ОСВЕТЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИКОТ НА СПОМЕНИКОТ ЗА ВОДИЦИ, ДОНАЦИЈА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ЗА ОХРИД

Денес, на 31-ви јануари, православниот празник Свети Атанасиј, на свечен начин е  поставен камен темелникот за изградба на новото спомен обележје за Водици кај градското пристаниште, во центарот на Охрид. Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот, со благослов на свештенството на МПЦ од Дебарско-Кичевската Епархија, заедно го извршија  Кумот на Водици Охрид-2012 проф. […]

ОСВЕТУВАЊЕ НА КАМЕН ТЕМЕЛНИКОТ НА СПОМЕНИКОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ОХРИД

Утре, на 31-ви јануари, во 12 часот, на православниот празник Свети Атанасиј, на свечен начин ќе биде осветен и поставен камен темелникот за изградба на новото спомен обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид од свештеници на МПЦ, Кумот на Водици Охрид-2014, Градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески и Кумот на Водици Охрид-2012 проф. […]

ПОДГОТОВКИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА СПОМЕНИКОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ОХРИД

На брегот на Охридското Езеро, кај градското пристаниште во Охрид, започнаа подготвителните работи, со копање на теренот, за поставување камен темелник на новото спомен обележје посветено на големиот христијански празник  Богојавление-Водици. На средбата на донаторот на споменикот, Кумот на Водици Охрид-2012, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и главниот градежен инженер во Стефан Орачески со претставници на […]

ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

На пригоден начин, големиот христијански празник Свети Јован Крстител и својот именден, со колегите во Адора Инженеринг Скопје, го прославија генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Ванчо Ѓорѓиевски, раководител на проектантското биро во градежната компанија. Заедничкото одбележување на празниците и значајните датуми е традиција во работењето на Адора Инженеринг, со цел да се почитуваат […]

СО 20.000 ГОСТИ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ ВОДИЦИ ВО ОХРИД

Со традиционалните православни христијански обичаи и масовна посетеност од околу 20.000 верници и гости, деновиве во Охрид-Балканскиот Ерусалим, беше прославен празникот Богојавление-Водици. Во чествувањата и годинава учество зеде генералниот директор на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кум на Водици-Охрид 2012, кој во организација на Црвениот Крст-Охрид заедно со охридскиот градоначалник и кум на Водици […]

Адора Инженеринг го одбележа празникот Василица

Стефан Орачевски- главен инженер, одговорен за изведба на градилиштата Адора Инженеринг, стана кум за 2014 година, бидејќи нему му се падна паричката од  питата која традиционално за големиот празник Василица се  дели во Адора  Инженеринг. Денес 13.01.2014 година директорот и сопственикот проф. д-р. Ванчо Чифлиганец ја делеше питата со паричка на вработените во Адора Инженеринг […]

Адора Инженеринг со мисија за проширување во Радовиш

Првиот ден од големиот христијански празник Божиќ (07.01.2014) ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, заедно со своето семејство го прослави  во родното место с. Раклиш во Радовиш, грутката земја каде што проф. Чифлиганец ги има поминато своите детски денови, сонувајќи и растејќи со визија еден ден да стане човек кој ќе гради […]

Во функција на задоволни купувачи во новата 2014 година-Тимот на Адора Инженеринг

Вработените  на Адора  инженеринг-Скопје, Новата 2014 година ја дочекаа заедно во весела атмосфера на Билјанини Извори во Македонскиот Ерусалим-Охрид. Среда 02.01.2014 година беше прв работен ден за Вработените на Адора Инженеринг-Скопје. Менаџментот одржа колегиум за сумирање на постигнатото во 2013 година и договор како во новата  2014 година  компанијата да биде во уште поголема заложба […]