Енергетски пасош А-класа доби станбениот објект на Г.П. 3.13 во Ново Лисиче, комплекс „Адора“, општина Аеродром, Скопје

Енергетски пасош од високата А-класа доби станбениот објект кој Адора инженеринг го изгради на Г.П. 3.13 во општина Аеродром, Скопје, во комплексот „Адора“ во Ново Лисиче. Со сертификатот за енергетските карактеристики на станбените згради, издаден од лиценцираната фирма ДЕЛТА ПРОЕКТ и официјално се потврдуваат одличните енергетски параметри на објектот, за  помала потрошувачка на енергија за […]

Семејството на познатиот фудбалер Живко Трајанов од Радовиш во посета на Адора инженеринг од каде го купи 30-тиот стан за радовишани

Адора инженеринг денес беше домаќин на исклучителниот спортист Живко Трајанов од фудбалскиот клуб „Плачковица“ и фудбалскиот клуб „Рудар“, најдобриот центарфор на сите времиња од Радовиш и Пробиштип во македонската лига. Живко и неговата сопруга Ана од Адора инженеринг го купија  јубилејниот 30-ти стан, продаден од овој потврден градежен бренд на граѓаните на Радовиш, каде генералниот […]

Адора инженеринг по традиција на Водици во Охрид

Традиционално, генералниот директор на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец со менаџментот на компанијата и годинава на празникот Водици беше во Охрид, каде учествуваше во сите свечености на Богојавленското  празнување. Кумот на Водици Охрид-2012 година, д-р Чифлиганец присуствуваше на примопредавањето на кумството, го следеше чинот на фрлањето на светиот крст по големиот Охридски водосвет, се […]

СРЕДБА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО РАКОВОДСТВОТО НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЗА НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА „ПОРТА КИСЕЛА ВОДА“-СКОПЈЕ

Менаџментот на Адора инженеринг со ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец  денес оствари средба со градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и членовите на комисијата за спроведување на постапка за електронско јавно наддавање, на која го доби известувањето дека е најповолен понудувач за откуп на градежното земјиште во Скопје, сопственост на Република Македонија, опфатено […]

Паричката за Василица во Адора инженеринг падна кај Катерина Коршул, менаџер за продажба и недвижности

Катерина Коршул, менаџер за продажба и недвижности, денес е најсреќна во Адора инженеринг, со паричката што ѝ се падна во традиционалното делење на василичарската пита, на првиот ден од Православната нова година по јулијанскиот календар. Според верувањето, Катерина ќе ја следи здравје, среќа и  бериќет со убавини во годината што претстои. Питата, што ја обезбеди […]

Со купување на книгата „Можеш и ти“ по промотивна цена до 20-ти февруари, донирате за хумани цели

Книгата „Можеш и ти“, романизирана биографија за проф. д-р Ванчо Чифлиганец од авторот проф. д-р Венко Андоновски, до 20-ти февруари може да се набави по промотивна цена од 500 денари, во книжарницата Култура и он-лајн на „Купи книга“, каде оваа понуда е на насловна страница со пораката „Прочитај и донирај“. Сите приходи од продажбата книгата […]

Буџетите на Општина Кисела Вода и Градот Скопје од Адора инженеринг ќе добијат 2.180.000 евра за купопродажба на 4403 м2 градежно земјиште на транспарентна електронска лицитација

На третиот ден на Божиќ во лето господово 2015 година  во 12 часот и 7 минути  Адора инженеринг дооел-Скопје, даде најповолна понуда  и  купи градежно земјиште од 4403 м2, на влезот во најурбаната населба  Рампа, КИСЕЛА ВОДА на транспарентно електронско јавно наддавање. Адора инженеринг, наместо почетната цена од 4300 денари/м2 за земјиштето сопственост на Република […]

Мохамед Ибрагимов, Насе Насев, и Александар Рангелов во посета на Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг

Денес почесен гостин на Адора инженеринг дооел-Скопје, беше Мохамед Ибрагимов, трострук европски шампион во борење слободен стил, вице шампион на светот, освојувач на бронза за Македонија на Олимпијадата во Сиднеј, и учесник во освојувањето на Клубската Европска и Светска Шампионска титула на БК „Бучим-Јака“ во 1996 година.  Во пријателска и спортска атмосвера големиот борачки ас […]

ЗИМУВАЊЕ ВО БАНСКО ЗА СЕКОЈ КУПЕН СТАН ДО 15-ТИ ФЕВРУАРИ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

По повод рекордната продажба на 302 стана во 2014-та година, Адора инженеринг ќе ги награди со зимување во Банско, сите купувачи на стан од овој градежен бренд од почетокот на годинава до 15-ти февруари 2015-та година. Ценејќи ја довербата и лојалноста на своите купувачи, Адора инженеринг сака да им  возврати со  грижа, внимание и наградување […]