САНИРАН ПОКРИВОТ НА ПОСЕБНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Д-Р ЗЛАТАН СРЕМЕЦ ВО СКОПЈЕ СО ДОНАЦИЈА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ во Кисела Вода, Скопје, ја мина првата зима без повеќегодишните проблеми со прокиснување на дотраениот покрив, благодарение на проектот за санација што го реализира градежната компанија Адора инженеринг. Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, раководството на училиштето каде учат над сто деца со посебни потреби, му изрази благодарност […]