АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДЕЛ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ ВО РАДОВИШ

Годинава по четврти пат, Радовиш е домаќин на тридневната традиционална манифестација „Самун ем Татлија“ на која викендов присуствуваат голем број гости од Македонија и регионот. Адора инженеринг и оваа година финансиски ја помогна манифестацијата, која ги промовира најстарите радовишки специјалитети и им нуди можност на посетителите да ги вкусат самунот и татлијата. По успешната работа, […]

ЧЕСТИТКА ЗА 11-ТИ ОКТОМВРИ-ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО

Адора инженеринг на сите граѓани на Македонија им го честита државниот празник 11-ти Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ. Одбележувајќи 75 години од почетокот на народното востание и борбата против фашизмот, да им изразиме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна […]

ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ СЕ КОМПЛЕТИРА СО КРСТИЛНИЦА

Привршуваат градежните работи на крстилницата што се гради во црковниот комплекс Свети Јован Крстител, на кејот на реката Вардар во општина Аеродром, Скопје, донација на Адора инженеринг. Крстилницата, што се подигнува во препознатливиот стил на црквата Свети Јован Крстител, согласно каноните на МПЦ и во постојана консултација со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, е […]

СЕ ИЗДИГНУВА ОБЈЕКТОТ АДОРА DIAMOND GARDEN ВО СКОПСКИ КАРПОШ

Брзо и квалитетно напредува изградбата на Адора Diamond Garden во скопски Карпош, Тафталиџе, каде девет дена по темелната плоча е бетонирана плочата на приземје, на „нултата кота“. Тимот вредни и искусни градежни работници на овој потврден градежен бренд, под будните очи на инженерско-надзорниот тим, поставија плоча со дебелина од 22 cm, во која вградија 450 […]

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО НЕДВИЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

„На пазарот на недвижностите ќе останат само високите професионалци кои со искреност, посветеност и доверба се однесуваат кон купувачите и најиновативните компании чија цел е да изградат квалитетен дом за граѓаните, а не само да остварат профит“ – е клучната порака на проф. д-р Ванчо Чифлиганец што за иднината на недвижностите ја изнесе на форумот […]