БИЗНИС ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА

По успешното етаблирање во градежниот сектор, високата градба, Адора инженеринг истражувајќи други полиња за бизнис делување, изврши деловна диверзификација и во други економски сфери на национално ниво.

Банкарски – финансиски сектор

Во 2018 година, Адора инженеринг стана најголем поединечен акционер во Комерцијална банка АД Скопје, купувајќи со сопствени средства преку берзански трансакции 10,09 % од акциите на банката. Адора инженеринг има значително влијание во одлучувањето во банката, а сопственикот проф. д-р Ванчо Чифлиганец е член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, која контролира 22 одсто од активата на целиот македонски банкарски пазар. Целта за влез во банкарскиот сектор беше продлабочување на успешното работење на Адора инженеринг и развој на Комерцијална банка, единствената банка со целосно домашен капитал, еден од столбовите на банкарскиот систем во државата, а со тоа и на националната економија во целина“.
Адора инженеринг има значителен акционерски удел во НЛБ Банка, која девет пати е прогласувана за најдобра банка во Северна Македонија од угледниот финансиски магазин The Banker, со што банката го држи престижниот примат на најнаградувана институција во банкарскиот сектор.

Фармацевтска индустрија

Адора инженеринг е еден од доминантните акционери во Алкалоид АД Скопје, една од најуспешните компании во Северна Македонија со интернационално реноме, која 8 децении произведува лекови, преработува билни суровини, произведува козметички и хемиски производи.

Хуман бизнис

Во духот на корпоративната општествена одговорност, со цел да го збогати делувањето со хуман бизнис, Адора инженеринг тековно реализира проект за изградба на Дом за сместување и нега на стари лица „Втора младост“ во Општина Илинден, веднаш до македонската метропола Скопје. Целта е регионот на Балканот да го добие најдобриот и најмодерниот дом за нега и достоинствена старост на возрасни лица, со висок квалитет, по современите европски стандарди.
Домот за стари лица се гради на парцела од 30.000 м², во еколошки чиста средина, со сместувачки капацитет за над 200 лица, за кои ќе се грижи стручен персонал од околу 60 вработени. Комплексот ќе има хортикултурно оплеменета и концептуално осмислена околина, со содржини за рекреација, забава и другарување на лицата од домот, нивните посетители и гости. Проектот во првата-основна фаза на изградба е инвестиција од 5 милиони евра, а според планот треба да заврши во 2020 година.

Нови предизвици

Адора инженеринг секогаш е отворена за нови бизнис предизвици, за нови иницијативи и нови дејности, за добробит на компанијата, на вработените, на економијата и на општеството во целина.