Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Национални признанија

27/02/2019

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НАГРАДЕНА ОД ООН КАКО ПРЕДВОДНИК ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ 2019

Градежната компанија Адора инженеринг синоќа од Организацијата на обединетите нации ја доби наградата за компанија предводник во остварување на целите за одржлив развој 2019. Наградата, што прв пат се додели во рамките на проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, на Адора ѝ припадна за лидерската улога во изградбата и долгорочното унапредување на еко домовите…

Повеќе
07/12/2018

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГДОБИ НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2018

Градежната компанија Адора инженеринг денес од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов доби национално признание за македонски квалитет 2018, што четврта година по ред го доделува Сојузот на Стопански комори на македонските претставници кои имаат традиција во создавање и одржување национален бренд. На манифестацијата Македонски квалитет, признанието го прими основачот и генерален директор на…

Повеќе
30/11/2018

ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ ИЗБРАН ЗА МЛАД МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА МАЖИ НА ГОДИНАТА 2018

Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг, синоќа беше избран за „Млад менаџер на годината 2018“, во друштво на 10 најуспешни мажи на годината, наградени во различни категории на првиот официјален избор „Мажи на годината во Македонија“. Жири комисијата, составена од реномирани членови од потврдени институции, бизнис секторот, новинари, режисери, стилисти и други дејности,…

Повеќе
29/11/2018

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ Е ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКАТА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРОЕКТИ ЗА ИЗГРАДБА НА „НАЈГОЛЕМАТА ВНАТРЕШНА ГРАДИНА ВО ЕВРОПА“ DIAMOND GARDEN ВО СКОПЈЕ

Адора инженеринг, што досега има добиено 16 национални награди за најдобри општествено одговорни практики, на годинешното 11-то доделување, од министерството за економија го доби највисокото признание-статуетка за заштита на животната средина за проектот „Најголемата внатрешна градина во Европа“, за најновиот објект Адора Diamond Garden во Скопје. Во компанијата, пионер во воведувањето на енергетски ефикасните домови…

Повеќе
26/02/2018

ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ЗА 2017 ОД БИТОЛСКИ ВЕСНИК

За изградба и донација на нов, безбеден и топол дом на местото на опожарениот, за Ивана и Јован Трајкови во Дедино и за богатата хумана мисија, Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец е добитник на наградата за општествена одговорност за 2017 од страна на Битолски весник. На 19-тата манифестација „Најуспешни битолчани“ или такавиканите „Битолски оскари“, што…

Повеќе
15/11/2017

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО 2017 ДОБИТНИК НА ТРИ НАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ

Адора инженеринг денес доби три национални признанија на 10-тата јубилејна манифестација на која министерството за економија и координативното тело ги доделија националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија 2017-та. Компанијата која паралелно со успешниот развој во високата градба, 15 години гради традиција на препознатлива општествена одговорност, ги доби највисоката награда меѓу големите…

Повеќе
10/10/2017

МАНУ ПО ПОВОД 50 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО МУ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦА НА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ И АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Македонската академија на науките и уметностите по повод 50- годишнината од основањето му додели благодарница на проф. д-р. Ванчо Чифлиганец и на компанијата Адора инженеринг, за плодната соработка. На свеченоста што се одржа во МАНУ, а на која свои обраќања имаа претседатели и високи претставници на академиите на науките од регионот и Европа, благодарници им…

Повеќе
05/10/2017

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЕ ЗАКИТИ СО СЕРТИФИКАТ „КОРЕКТНА ФИРМА“

Адора инженеринг доби сертификат „Коректна фирма“ за беспрекорна репутација и одлична етаблираност во бизнисот, како и за коректно спроведување на обврските кон клиентите и партнерите. Овој градежен бренд покажа одлично ниво на позитивни споменувања во интернет просторот во анализата на европскиот проект „Коректна фирма“. Притоа, не се детектирани негативни фрази поврзани со името на компанијата…

Повеќе
24/06/2017

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОБИТНИК НА ПЛАКЕТА ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ВО БЕЗБЕДНОСТА ПРИ РАБОТА

Здружението за безбедност при работа „28-ми АПРИЛ“ – Скопје на градежната компанија Адора инженеринг и додели Плакета за посебен придонес во полето на безбедност при работа. Плакетите, Здружението ги додели по повод петгодишнината од неговото основање, а добитници се повеќе институции и фирми, меѓу кои и Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за техничка инспекција,…

Повеќе
30/01/2017

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ – РОДОВО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА ВО 2016

Адора инженеринг е прогласена за родово одговорна компанија во 2016-та година што исплаќа родово еднаква плата, од страна на Finance Think, Институтот за економски истражувања и политики во Скопје на економскиот форум што се одржа на тема: „Родово еднакви плати за поголем економски раст“. Организаторите на форумот потенцираа дека особено радува фактот што во компанија…

Повеќе
16/12/2016

ПЛАКЕТА ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА АФИРМАЦИЈА НА ГРАДЕЖНОТО КОНСТРУКТОРСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Адора инженеринг доби плакета за особено залагање и придонес во реализација на програмата на Друштвото на градежните конструктори на Македонија и во развојот и афирмацијата на градежното конструкторство, кој по повод 40 годишниот јубилеј ја доделува ДГКМ. Во присуство на еминентни научници, експерти и компании од сферата на градежништвото, сеизмологијата, архитектурата, во амфитеатарот на Градежниот…

Повеќе
04/03/2016

НАГРАДА НАЈДОБАР ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА ОД REALEXPO 2016 ЗА АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ И ГОЛЕМ ИНТЕРЕС НА СТУДЕНТИТЕ ПО ГРАДЕЖНИШТВО НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ ВО СКОПЈЕ

Успешната градителска приказна Адора Flatiron Скопје е прогласена за НАЈДОБАР ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА на Саемот на недвижности RealExpo 2016, за што синоќа ова вредно признание и беше доделено на д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг. Наградата ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА е уште една потврда за значењето на уникатниот комплекс што Адора инженеринг го изгради…

Повеќе
21/02/2016

ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА BEST BRAND 2015

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец е добитник на највисоката награда за животно дело на манифестацијата Best Brand 2015 што синоќа се одржа во Битола. Генералниот директор на градежната компанија Адора инженеринг д-р Чифлиганец, наградата ја доби за успешниот четиридецениски ангажман во општествено-економскиот и политички живот во Македонија, за иновативните чекори за развојот на стопанството и особено…

Повеќе
04/12/2015

ПРИЗНАНИЕ ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА 60 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ ТИТАН

Адора инженеринг доби вредно признание од Цементарница Усје Титан за долгогодишната плодна соработка, како потврда за особениот придонес за развојот на градежната индустрија, на прославата на 60 годишниот јубилеј на оваа компанија во Скопје. Инженерскиот тим на Адора инженеринг беше почестен со врачувањето на специјалното признание меѓу стратешките деловни партнери на Цементарница Усје, особено што…

Повеќе
21/10/2015

Адора инженеринг со две национални награди за најдобри ООП во 2014 за заштита на животната средина и вложување во заедницата

Градежната компанија Адора инженеринг доби две национални признанија на денешното доделување на наградите за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2014-та година на 8-та манифестација што се одржа во Скопје во организација на Министерството за економија и националното Координативното тело за општествена одговорност. Компанијата-градежен лидер во Македонија, наградена е со две признанија за…

Повеќе