Render 2

БЕТОНИРАНА ПЛОЧАТА НАД ПРИЗЕМЈЕ НА КОМПЛЕКСОТ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Стручниот и професионален тим на Адора инженеринг, со вредните градители и мајстори,  под надзор на градежните инженери и друг висококвалификуван кадар, ја поставија плочата над приземје на атрактивниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, во која се вградени 450 м3 високо-квалитетен бетон МБ 35 и 68 тони арматура. Свежото време со намалените температури што ни ги донесе есента, не се пречка за работата, туку сѐ се одвива според предвидениот план и динамика за градба, под целосна контрола на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг. Денес продолжува интензивната работа на армирање, шелување и бетонирање на столбовите на ниво на мезанинот на објектот.

Новиот комплекс Адора Flatiron Скопје се гради на само 1 километар оддалеченост и 10 минути пеш од централниот плоштад на метрополата, кој со препознатливата архитектура ќе го донесе урбанистичкиот дух на Њујорк во Скопје и ќе биде нов уникатен белег на Македонија и регионот.  Адора Flatiron Скопје ќе им понуди на граѓаните одлични услови за квалитетно домување и водење успешни бизниси, на едно повисоко и поразлично ниво од досегашните стандарди, во лесно достапен објект со докажана стабилност, европски квалитет и А енергетска класа, проектиран за интимно домување на станарите во градското урбано јадро на Скопје.

 12048742_889968224419459_1854302326_n

IMG_20150928_125008

IMG_0495

Адора Flatiron Скопје
Адора Flatiron Скопје

Render 2

Archive