Адора го поддржа 18 Републички литературен детски фестивал „Ракатки 2022“

Традиционалниот државен литературен детски фестивал „Ракатки 2022“, минатиот викенд го одбележа своето полнолетство, одржувајќи ја 18-тата манифестација во Основното Училиште „Блаже Конески“ во Скопје, со над 30 учесници.

И на оваа манифестација младите книжевни таленти го имаа главниот збор, беа читани и прогласени најдобрите литературни творби, песни и состави напишани на мајчин јазик за родниот крај и за татковината Македонија, а надарени ученици изведоа и музички точки, што го разубави фестивалот. И оваа литературна дружба мина во знакот на авторите и љубителите на убавиот пишан збор, ентузијастите втемелувачи на фестивалот, наставниците, возрасните поети, пријателите на децата и поддржувачите на „Ракатки“, меѓу кои е и Адора Бизнис Групацијата, општествено одговорен бренд со 20 годишна традиција.

„Горди сме затоа што има голем број млади литерати, кои ја искажуваат нивната љубов кон пишаниот збор и потврдуваат дека младешката поетска мисла е предизвик, кој ништо не може да го сопре. Таленти имало во минатотот, ги има сега, а ќе ги има и во идните генерации што ќе доаѓаат. Фестивалот се одржа и сега, благодарение на хумани луѓе, кои се наши верни поддржувачи и без кои не би можеле да ја реализираме манифестацијата“, порача одделенската наставничка и писателка Јадранка Клисарова, која од лани е на чело на фестивалот.

„Ракатки“ погледот го насочи кон следното 19-то фестивалско издание, а на Адора ù додели благодарница за соработката и поддршката за реализација на оваа ретка литературна манифестација, на радост на децата и сите оние што се грижат за нивното образование и воспитување.

Archive