Tamara

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПОДДРШКА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА

Адора инженеринг, како општествено одговорна компанија со традиција, уште еднаш ја потврдува грижата за граѓаните и заедницата, преку поддршка на културата, уметноста и македонската поп музика. Овој потврден градежен бренд е генерален покровител на првиот голем самостоен концерт на популарната музичка дива Тамара Тодевска, што со специјалните гости, познати ѕвезди од македонската естрада, ќе се одржи на 27-ми ноември во арената Борис Трајковски во Скопје. На овој спектакуларен настан вработените во Адора инженеринг ќе другаруваат со фб фановите, штитениците од Домот за деца без родители 11 Октомври во Скопје и пријателите на компанијата.

Tamara

Archive