DCIM101GOPROGOPR1773.

БЕТОНИРАНА ПЛОЧА НАД ТРЕТО НИВО ГАРАЖЕН ПРОСТОР НА СТАНБЕНО-ДЕЛОВНИОТ КОМПЛЕКС АДОРА FLATIRON, ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА, СКОПЈЕ.

Квалитетно, докажано, сигурно и брзо, Адора инженеринг на новиот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, ја постави плочата над третото ниво гаражен простор, со вградени 581м3 висококвалитетен бетон, МБ 35 и 60 тони бетонско железо-ребраста арматура. Денеска, искусниот, професионален и стручен тим на Адора продолжува со оплатирање и армирање на ѕидовите и столбовите од второто ниво на гаражниот простор. Оваа 100 % македонска квалитетна градба, се гради на просторот меѓу бул. Македонија и ул. Иван Козаров, познат како Стара Рампа, во Кисела Вода, на само 1 километар оддалеченост и 10 минути пеш од строгиот центар на метрополата, со панорамски поглед на Порта Македонија и главниот плоштад во Скопје. Зградата со висина од 54 метри, приземје, мезанин и 16 катови, три влезови и 7 лифтови, ќе има современи елитни станови од 31 до 119 м² и луксузен апартман на врвот од 260 м² со фантастичен поглед на Скопје. Објектот ќе има 29 луксузни деловни простории од 45 до 277 м², со можност за спојување и два влеза, сопствени 350 модерни паркиралишта, најголемиот дел од нив на три подземни нивоа. Стратешкиот објект Адора Flatiron, чиј инвеститор, изведувач и проектант, е градежната компанија Адора инженеринг, ќе го донесе  духот на Њујорк во Скопје, со што македонската метропола ќе биде дел од светските градови со атрактивната архитектура на Њујоршката урбанистичка икона Flatiron.

IMG_20150901_113735

IMG_20150901_113452

IMG_20150827_162524

 

DCIM101GOPROGOPR1773.

Archive