Градежниот тим на Адора инженеринг, со искусни инженери, вредни мајстори и потврдени градежни работници, интензивно, квалитетно и посветено работи на довршување на неколку објекти на овој градежен бренд во комплексот Аеродром во Скопје. Зголемениот ден и топлото пријатно време им овозможија на градителите со елан и беспрекорен квалитет да ги реализираат активностите за довршување на идните енергетски ефикасни домови од високата А класа, со докажана геомеханичка и aсеизмичка стабилност, иделани за модерно, функционално и економично живеење на атрактивна локација, само 10 минути пеш од централниот плоштад на Скопје. Во комплексот Аеродром активно се работи на изградба на новиот станбено-деловен објект „Аеродром Кружен тек“ каде се подготвува бетонирање на плоча над девети кат од ламела 2, на ламела 1 се работи на ѕидаријата на први и десетти кат, а се поставува пвц столарија и прозори. На „Аеродром Црква 2“ во завршна фаза е поставувањето плочки во внатрешноста на објектот, а во тек е и конструкција на вратата за подземните нивоа на паркиралиштата. Во објектот „Аеродром Градинка“, се доработуваат баџите со поставување на термо и хидроизолација, а се работи и на поткровните конструкции. На деветти и десетти кат од објектот Градинка се работи на малтерисување, додека на објектот „Аеродром Парк 3“ се поставуваат плочки на први и втори кат во становите, како и гипс-картонски облоги во скалишниот дел што води кон кровот, а се работи и на фасадата на терасите. Освен во Комплексот Аеродром, докажаниот искусен тим на Адора инженеринг работи и на изградба на новиот урбан симбол во македонската метропола, станбено-деловен комплекс „Аеродром Flatiron Скопје“, а се подготвува и градењето на објектот „Дијамантската градина на Адора“ во скопски Карпош – Тафталиџе, со кој се воведува брзорастечкиот светски тренд на зеленото домување во Македонија. Со изградба на препознатливите уникатни објекти, Адора инженеринг, предводник и најголем инвеститор во високоградбата во Македонија, продолжува и натаму со нагорен развоен тренд, оправдувајќи ја довербата на 2.600 свои купувачи, потврдувајќи го епитетот на најуспешен бренд во градежниот сектор во Македонија.



