20160212_125810

ВРАБОТЕНИ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО BUILD UP SKILLS ПРОГРАМАТА СЕ УСОВРШУВАА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Шест градежни работници во Адора инженеринг се стекнаа со сертификат за знаење и вештини за енергетска ефикасност, преку учеството во проeктот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ (BUILD UP Skills) на иницијатива на ЕУ за градење на капацитетите на работниците во градежниот сектор. Целта е да се подготви и нашата земја во делот на квалификација и преквалификација на градежните работници, со акцент пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки или работно искуство во градежни претпријатија.  Со учество во оваа програма и добивањето на сертификат признаен во повеќе европски земји, се потврдува и унапредува стручната подготвеност на градежниот кадар во Адора инженеринг. Оваа општествено одговорна компанија што континуирано се грижи за усовршување на своите вработени, се стекна со признаниеза најприсутна учесничка на ваков тип обуки. Во периодот што следи ќе се врши обучување на уште десет градежни работници кои подоцна своето знаење ќе го имплементираат во изградбите на станбено-деловните објекти на овој градежен бренд, постојано подобрувајќи ги перформанските и квалитетот на зградите, кои се енергетски ефикасни од високата А класа.

20160212_125810

20160212_125036

Archive