DSC_0439

ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ И СЕРТИФИКАТИ ПОДДРЖАНИ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И СЕМОС ЕДУКАЦИЈА

Денеска, во просториите на Семос Едукација се доделија дипломи за успешно завршена Autodesk обука и  меѓународно признаени ACU сертификати.

Преку организирањето бесплатна Autocad обука и подготвителна обука за полагање ACU испити, Адора инженеринг заедно со Семос Едукација се придружија на глобалната кампања на Autodesk, за сертификација на знаењата на студентите и едукаторите од повеќе Универзитети во Македонија.  Во текот на летото, професорите и студентите следеа бесплатна подготвителна Autodesk обука поддржана од Семос Едукација, а најдобрите 12 слушатели добија можност бесплатно да полагаат ACU испити, поддржани од Адора инженеринг. Учеството во оваа кампања е дел од општествено одговорните активности на овој градежен бренд и поддршката што за образованието и науката во Македонија ја дава Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

DSC_0406 DSC_0414 DSC_0416 DSC_0418 DSC_0439

Archive