Во првото тримесечје годинава во Адора инженеринг се продадени недвижности со вкупна површина од 6.200 м², што претставува пораст од 63 % споредено со продажбата во првите три месеци од минатата година. Од јануари до март 2016-та оваа градежна компанија продаде 84 квалитетни станови, 68 модерни паркиралишта и 7 луксузни деловни простории во своите објекти во Скопје. Забележителниот раст на продажбата во првите три месеци го потврдува големиот интерес на граѓаните за купување квалитетни недвижности од докажаниот градежен бренд Адора инженеринг.