НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПОДДРШКА ОД АДОРА НА ПРВИОТ СКОПСКИ СПОРТСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ЗДРАВА ИДНИНА НА МЛАДИТЕ

ПОДДРШКА ОД АДОРА НА ПРВИОТ СКОПСКИ СПОРТСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ЗДРАВА ИДНИНА НА МЛАДИТЕ

Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец го поддржаа првиот Скопски спортски фестивал, преку покровителската поддршка на светскиот првак во кик бокс Димитар Ѓорѓиев и новиот кик бокс клуб Работнички-Адора, што го презентираа кик боксот на ова манифестација. Спортскиот амбасадор, неколкукратниот светски шампион Димитар Ѓорѓиев и спортистите од кик бокс клубот Работнички-Адора, минатиот викенд во Градскиот парк во Скопје, го претставија кик боксот пред младите генерации, во рамките на претставувањето на 20-тина спортови на Скопскиот спортски фестивал. Повеќе стотици ученици од основните училишта во Скопје, имаа можност да се запознаат одблизу со кик боксот, да научат од талентот и искуството и да повежбаат со успешните спортисти, кои низ игра и со насмевка ги воведуваа децата во спортските вештини. Адора инженеринг контонуирано го поддржува спортот и спортистите во Македонија, во негувањето и развивањето на спортската култура, како рецепт за примена на концептот „Здраво тело во здрав дух“, за здрав живот и здрава иднина на младите генерации. Целта на Адора е во рамките на традиционалната општествената одговорност на компанијата и грижата за пошироката заедница, да даде придонес за изградба на поздраво, подобро и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани. Погледнете го видеото од настанот со клик на линкот:  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ