НОВОСТИ

НОВОСТИ

СО АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ, КОМПЛЕКСОТ АЕРОДРОМ, АДОРА DIAMOND GARDEN И НАГРАДА БЕСПЛАТНО УНИВЕРЗИТЕТСКО ШКОЛУВАЊЕ ЗА НАЈСРЕЌНИОТ КУПУВАЧ НА СТАН, АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ УЧЕСТВУВА НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ REALEXPO 2016 ВО СКОПЈЕ

СО АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ, КОМПЛЕКСОТ АЕРОДРОМ, АДОРА DIAMOND GARDEN И НАГРАДА БЕСПЛАТНО УНИВЕРЗИТЕТСКО ШКОЛУВАЊЕ ЗА НАЈСРЕЌНИОТ КУПУВАЧ НА СТАН, АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ УЧЕСТВУВА НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ REALEXPO 2016 ВО СКОПЈЕ

Со уникатен штанд во стилот на новиот маркантен станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, што за рекорден рок од шест месеци го изгради до горна плоча во срцето на Скопје, Адора инженеринг по шести пат се претставува на Меѓународниот саем на недвижности  RealExpo 2016 што денеска е отворен на Скопски саем. Во фокусот на саемското претставување покрај овој нов симбол кој нуди врвно урбано домување и светски бизнис стил во центарот на македонската метропола, на штандот на Адора се комплексот Аеродром, најновиот ултрамодерен објект Адора Diamond Garden, кој во стил на дијамантска градина ќе се гради во Тафталиџе, Скопски Карпош, како и вредната награда бесплатно целосно универзитетско школување на Американ колеџ, што компанијата ја обезбеди за најсреќниот купувач на стан за време на саемот. Посетителите на Саемот на недвижности можат да се запознаат и со другите награди и поволности што Адора постојано ги обезбедува за своите купувачи, како специјалните промотивни цени, подарокот осигурување на домот со купен стан во македонскиот Flatiron од Евроинс осигурување и наградата автомобил Мазда CX-3, за што најсреќниот купувач на стан ќе биде извлечен на отворањето на објектот Адора Flatiron Скопје. „Адора инженеринг и годинава продолжува со инвестициите во градежништвото-високата градба  што ќе бидат во вредност од 30 до 40 милиони евра, а продолжуваме и со реализација на проектите започнати минатата година, кога инвестициите достигнаа 50 милиони евра, каде комплексот Адора Flatiron Скопје учествуваше со 22 милиони евра или 11 % од вкупните инвестиции во високоградбата во Македонија. Инвестицискиот бум продолжува и годинава, со ангажман на околу 500 вработени, а продажбата во првите два месеци во Адора инженеринг е зголемена за 146 %  во однос на првите два месеци од 2015-та, од што бенефит имаат сите, и купувачите, и инвеститорите и македонската економија во целина. Адора инженеринг постојано ги подигнува стандардите во високоградбата, во што е пионер во сите области со бројни иновации како докажувањето на асеизмичката стабилност, добивањето на првиот енергетски пасош А-класа, иницијативата за сертифицирање на звучната изолација 80 % над македонските стандарди, што потврдува дека домовите на Адора инженеринг можат да се носат со многу европските и светски домови, со што може да се гордее градежниот сектор во Македонија.“-порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг. Саемот на недвижности RealExpo и Саемот на градежништво 2016 со 110 излагачи од Македонија и странство, го отвори вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, кој порача дека градежниот сектор со 12 % остварен пораст минатата година и натаму е главен двигател на македонската економија. Адора инженеринг ги очекува граѓаните да го посетат штандот на компанијата на Саемот на недвижности, во хала 1 во Метрополис Арената на Скопски саем, до 5-ти март, од 10 до 19 часот. IZ4A7947 (2) IZ4A8091 (2) IZ4A8351 (2) IZ4A8412 (2) IZ4A8531 (2) IZ4A8434 (2) IZ4A8496 (2) IZ4A8144 (2) IZ4A8125 (2)

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ