Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС, со кој Адора инженеринг успешно соработува во докажувањето на сеизмичката стабилност на објектите, доби „Орден за заслуги за Македонија“ од претседателот на државата д-р Ѓорѓе Иванов, за големиот придонес во градењето сеизмички побезбедна иднина. Адора инженеринг ја споделува радоста за добиеното признание на ИЗИИС, што е потврда на взаемните заложби за ангажирање на целиот научен, стручен, истражувачки и иноваторски потенцијал за остварување на заедничката цел, заштита, превенција и обезбедување на човечкиот живот како најголемата вредност што постои. Претставници на менаџментот на Адора инженеринг присуствуваа на свеченоста на доделувањето на високото признание на ИЗИИС, потврдениот македонски бренд во земјотресно инженерство и сеиозмологија, со кој и во иднина оваа градежна компанија, како прва и единствена во самостојна Македонија, со вештачки земјотрес ќе ја докажува врвната сеизмичка стабилност на своите станбени објекти, како гаранција за безбеден живот и спокоен сон на граѓаните.