НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГРАДИ НОВ ДОМ ЗА СЕМЕЈСТВОТО ТРАЈКОВИ ВО РАДОВИШКО ДЕДИНО НА МЕСТО НА УНИШТЕНАТА КУЌА ВО ПОЖАР

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГРАДИ НОВ ДОМ ЗА СЕМЕЈСТВОТО ТРАЈКОВИ ВО РАДОВИШКО ДЕДИНО НА МЕСТО НА УНИШТЕНАТА КУЌА ВО ПОЖАР

На нови темели, Адора инженеринг гради нов дом за семејството Трајкови во радовишко Дедино, кои наскоро ќе добијат нова куќа на место на старата што целосно изгоре во пожар кон крајот на минатата година. Подигнувањето на нова скромна куќа и обновувањето на изгубениот дом за Ивана и Јован Трајкови, го реализира Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, по посетата на Дедино во декември минатата година, кога  голем пожар им го уништи и претвори во пепел домот каде возрасните сопружници го минале целиот животен век. На средба со Трајкови, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг, поттикнат од човечката хуманост и солидарност за помош во тешки моменти, на несреќниот брачен пар му вети дека повторно ќе им обезбеди нов дом со пристојни услови за нормален семеен живот. Во месецот на големиот христијански празник Велигден, Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ќе ја довршат хуманата мисија во радовишкото село Дедино, со подигнување на новиот обновен дом каде семејството Трајкови ќе го продолжи животот по несреќата со пожарот. 13212  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ