За време на продолжениот првомајски викенд кој го наполни Охрид со домашни и странски гости, имаше голем интерес за најповолната понуда на елитни станови на Адора инженеринг во атрактивниот објект во локалитетот Билјанини Извори. На централниот плоштад во охридската чаршија и кај реномираните ресторани и кафулиња на езерскиот брег, се поделија голем број каталози со комплетни информации за становите на Адора во Охрид на македонски и англиски јазик, како и пригодни подароци, меѓу кои вистински хит на краткотрајниот дожд беа големите бели чадори со логото на компанијата, кои со торбичките на овој потврден градежен бренд го преплавија Охрид за празничниот викенд. Граѓаните на кои им се допаѓа понудата на станови во објектот Билјанини Извори, кои се одликуваат со докажана сигурност, европски квалитет и енергетска ефикаснот со долгорочна економичност, можат да ја искористат специјалната понуда на Адора инженеринг доколку склучат договор за купопродажба и го уплатат избраниот стан до петок, 8-ми мај годинава. Специјалните понуди со екстра поволности за граѓаните, континуирано, Адора инженеринг ги организира за пригодни празници и значајни поводи, со цел со пријатни изненадувања да им возврати за лојалноста и подарената доверба на купувачите на стан од овој препознатлив градежен бренд.