НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ СО ПОДДРШКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ СО ПОДДРШКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО

Среќен почеток во новата учебна година на неколку училишта во Радовиш им посака генералниот директор на Адора инженеринг проф.д-р Ванчо Чифлиганец и извршната директорка, д-р Драгана Д. Чифлиганец, со донација на нови компјутери. „Во вакви тешки времиња на пандемија КОВИД 19 Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, одлучија со донација на 12 нови персонални компјутери и 6 iPad ( ајпади ) на неколку училишта во Радовиш да им помогнат на наставниците и на учениците непречено да ја реализираат и следат on-line наставата. Оваа година е тешка за сите, се соочуваме со големи предизвици и затоа треба, секој според можностите, да го поддржиме образовниот процес, бидејќи после здравството, образованието е најважната алка во општеството, тоа се нашите идни генерации”, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при предавањето на донацијата, во присуство на директорите на училиштата. Тие изразија огромна благодарност и порачаа дека оваа иницијатива на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец” ќе биде пример кој ќе го следат и други компании, организации и поединци.

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ