НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ВО СКОПЈЕ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ВО СКОПЈЕ

„За паметно донирање, неопходна е долгорочна и одржлива соработка, поголема комуникација и доверба  меѓу граѓанските организации и бизнисот“ е главниот заклучок на конференцијата за филантропија, што со претставници на бизнис заедницата, граѓанскиот сектор, експерти, институции од Македонија, регионот и Европа, се одржа во Скопје во рамките на проектот за креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на граѓанските организации, финансиран од Европската Унија. Учесниците на форумот дебатираа како да се зголеми соработката меѓу бизнис и граѓанскиот сектор во решавањето на општествените потреби и предизвици, какви можности нуди Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, како да се стимулира донаторството и корпоративната филантропија преку проширување на даночните олеснувања и поедноставување на процедура за добивањето донации и спонзорства, а за досегашните искуства беше промовирана публикација со резултати од истражување на овие прашања. Нина Кепеска, менаџер за односи со јавност и маркетинг во Адора инженеринг, ја потенцира важноста на слухот кој го имаат компаниите, кои и покрај кризата и огромниот број барања за донации и спонзорства, наоѓаат начини, средства, време, енергија и ресурси за помош на заедницата, што ги усреќува граѓаните и компаниите и станува значаен аспект од нивниот корпоративен имиџ и идентитет. Адора инженеринг, која има  богата традиција на општествено одговорна компанија, од минатата година го поддржува образованието, науката, културата, спортот, хуманитарните акции и општеството во целина и преку Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Koinferencija filantropija Nina 1 Koinferencija filantropija Nina 4 Koinferencija filantropija Nina 3

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ