НОВОСТИ

НОВОСТИ

Боречкиот клуб „Бучим“, единствениот наш европски и светски шампион прослави 60 години од формирањето

Боречкиот клуб „Бучим“, единствениот наш европски и светски шампион прослави 60 години од формирањето

По повод 60 години од основањето на Боречкиот клуб „Бучим“ од Радовиш и досега неповторените успеси кои овој клуб ги има постигнато за Македонија со освоените европски и светски клупски шампиони, градот и клубот им оддадоа почит и благодарност на најзаслужните за успесите на борачите. Градот Радовиш има многу богатства, но БК „Бучим“ е дијамантот кој сјае во изминативе 60 години.

„Се собравме денес во Радовиш да прославиме еден богат јубилеј, 60 години борење во Радовиш, во Македонија, но не само како бројка, туку со многу, многу врвни дела, успеси, освоени титули, трофеи, медали и на домашен и на меѓународен план. Тоа зборува дека Радовиш беше сплотен, живее со борењето и по овој спорт сите го препознаваат и затоа борачите, единствените европски и светски шампиони во Македонија, треба да бидат инспирација и мотивација за младите, за новите генерации повторно да се искачат на врвот. Денес сме тука не само да се потсетиме што бил и какви успеси постигнал БК Бучим, туку да направиме сè за да го вратиме сјајот и би сакал да дочекаме Радовиш уште еднаш да биде европски и светски шампион во борење. Имаме многу надежни млади генерации и затоа треба да се обедини целиот Радовиш и борачите и граѓаните и општината и градоначалникот, за да дочекаме повторно да бидеме европски и светски шампиони “- ова им го порача најзалужниот, како што рекоа присутните, за европската и светската титула во борење слободен стил, проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

„Имаме многу боречки клубови во државата, но ниту еден клуб во Македонија ги нема европската и светската титула, а архитектот на тие огромни успеси во борењето е токму проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој и тогаш и денес, живее за борењето и ги поддржува младите. Бидете горди и продолжете да освојувате титули, порача најмладиот олимписки шампион и најтрофеен борач во Македонија, Шабан Трстена. Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов ги повика младите борачи да го вратат дијамантскиот борачки сјај на Радовиш. На оваа убава прослава во Радовиш беше промовирана брошурата „БК Бучим-Радовиш 1962-2022“, или 60 години борење во Радовиш-Македонија од авторот Славчо Тодоров. Во неа се претставени најголемите успеси во борењето во Македонија, за кои е најзаслужен БК „Бучим“ со освоените европска шампионска титула во борење-слободен стил во 1995 година и светска клупска шампионска титула во борење-слободен стил во 1996 година. Македонскиот пласман на олимпијадите, од каде во 1984 година со злато се врати најмладиот олимписки шампион и воопшто најтрофеен борач на „Македонскиот бисер“, Шабан Трстена.

Денес во Радовиш се одржува 46 Меѓународен турнир во борење „Македонски бисер“, каде борачите од Македонија и другите земји ги одмеруваат силите.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ