НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЖИВКО ГОЦЕВ Е ДОБИТНИК НА ДИЈАМАНТСКАТА НАГРАДА ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ЖИВКО ГОЦЕВ Е ДОБИТНИК НА ДИЈАМАНТСКАТА НАГРАДА ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Живко Гоцев, купувач на стан во Адора Flatiron Скопје е добитник на дијамантскиот прстен, извлечен во наградната игра Пресели се за мене, што се одржа денес во просториите на Адора инженеринг. Со исполнување на пропишаните услови, во присуство на членовите на комисијата, Гоцев беше извлечен како најсреќен учесник во наградната игра во која учествуваа 14 купувачи на станови и деловни простории во промотивниот период од 25-ти февруари до 8-ми март, меѓу кои беа и купувачите на саемот на недвижности RealExpo 2017. По дознавањето на убавата вест, Живко Гоцев ни изјави дека е пресреќен со оваа прва награда во животот и дека веќе знае кому ќе го подари освоениот дијамантски прстен. Менаџментот и тимот на Адора инженеринг му честита на Гоцев и го очекува да ја подигне наградата, посакувајќи му среќно и бериќетно домување во новиот стан со семејството. Градежниот бренд Адора инженеринг продолжува со наградите и изненадувањата за купувачите, кои од оваа компанија секогаш добиваат повеќе од дом. По патувањата во Дубаи, Венеција и други атрактивни дестинации, комплетното опремување на новиот дом и универзитетско образование, сите купувачи на стан и деловен простор во Адора Flatiron Скопје ќе учествуваат во наградната игра во која најсреќниот ќе добие автомобил MAZDA CX-3 на извлекувањето годинава на отворањето на овој атрактивен комплекс. 20170310_121821 20170310_121912 20170310_121256

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ