НОВОСТИ

НОВОСТИ

ИЗЈАВА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ – ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

ИЗЈАВА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ – ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

 „Одлуката за инвестирање во хартии од вредност, конкретно, во акции издадени од нашата реномирана Комерцијална банка АД Скопје, во рамките на Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, ја донесовме од деловни причини и со верба дека со тоа ќе го продлабочиме успешното работење на нашата компанија во иднина, но и успешното работење на Комерцијална банка, како еден од столбовите на банкарскиот систем во Македонија, со цел за подобар развој на банката, а со тоа и на нашата економија во целина. Адора инженеринг како успешна градежна компанија веќе 16 години стопанисува на македонскиот пазар. Во овој период компанијата постигна деловни успеси и преку градежниот сектор-високата градба, ја поттикнуваше и вкупната економска активност во Република Македонија. Тоа нам, како менаџмент ни овозможи да размислуваме за нови деловни предизвици и потфати, да инвестираме и во други дејности, вклучувајќи го и финансиско-банкарскиот сектор, заради натамошен стабилен развој на компанијата. Од овие причини, инвестиравме во акции во КБ АД Скопје, што до овој момент резултира со учество од 7,38 % од основната главнина на банката. Средствата за овие инвестиции се обезбедени исклучиво од сопствени извори, односно акциите се купени со сопствени средства и во моментов Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, нема никакви кредитни обврски кон Комерцијална банка АД Скопје, ниту кон било која друга деловна банка. Со Комерцијална банка развиваме сосема поинаков вид на односи што се во функција на обостран интерес и од интерес на сите клиенти на банката, но кредити од банката не користиме. Сопствените инвестиции во Адора инженеринг, исто така, во овој момент ги обезбедуваме од сопствени средства. Како и секој акционер во секое акционерско друштво, очекуваме пристоен и стабилен поврат на инвестираните средства, но наша цел не е само остварување финансиска добивка од инвестираните средства, туку како дел од акционерската структура на банката, да дадеме и дополнителен придонес за нејзиниот иден развој, како и за добробит на сите деловни клиенти на банката. Се надеваме дека оваа наша мисија ќе биде успешна и во корист на сите. Потсетуваме дека според нашите деловни планови и предвидувања, Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје ќе продолжи со идни инвестициски зафати во основната дејност-градежништво, како и во други дејности. Сметам дека е логично, по 40 години успешна и плодна професионална кариера и по 30 години успешно менаџирање со многу знаење и труд, што влегувам во нови деловни предизвицин во финансискиот сектор“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, во врска со инвестирањето во купување акции во Комерцијална банка АД Скопје.

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ