НОВОСТИ

НОВОСТИ

НАГРАДА „БИЗНИС ЛИДЕРСТВО И ФИЛАНТРОПИЈА“ ЗА Д-Р ДРАГАНА Д. ЧИФЛИГАНЕЦ НА БИТОЛСКИТЕ ОСКАРИ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ

НАГРАДА „БИЗНИС ЛИДЕРСТВО И ФИЛАНТРОПИЈА“ ЗА Д-Р ДРАГАНА Д. ЧИФЛИГАНЕЦ НА БИТОЛСКИТЕ ОСКАРИ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ

„Бизнис лидерство и филантропија“ е наградата која ѝ е доделена на д-р Драгана Д. Чифлиганец на манифестацијата „Оскари за најуспешните“, што 20 години по традиција ја организира Битолски весник. Наградата која освен на најпопуларните битолчани секоја година им се доделува и на заслужни и истакнати личности од Македонија, на извршната директорка на Адора инженеринг ѝ припадна за препознаени европски лидерски бизнис вредности и имплементирани иновативни решенија во такавиканиот „машки бизнис на градежништвото и високата градба“, каде таа успешно делува 15 години. На Чифлиганец особено драго ѝ е признанието за филантропијата и хуманите вредности, за активностите со кои таа континуирано, Адора инженеринг 18 години и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец од 2014-та година, сакаат да ги поттикнат другите, во рамките на можностите секој да им пружи рака со помош на ранливите категории граѓани, на болните, гладните, сиромашните и социјалните случаи, со што би се намалила нееднаквоста меѓу луѓето. Наградата е валоризација на реализираните бројни проекти за поддршка на заедницата преку помош на образованието, учениците, студентите и вработените, на спортот, науката, културата и уметноста во Македонија, како придонес во изградба на подобар свет за сите. Церемонијата на доделување на „Битолските оскари“ за 2019-та, одложено, се одржа минатиот викенд во Центарот на култура во Битола, според сите здравствени протоколи.

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ