НОВОСТИ

НОВОСТИ

НАДМИНАТ Е ПРОБЛЕМОТ СО АВТОДИГАЛКАТА НА ФАКОМ И ПРОДОЛЖИ БЕЗБЕДНО РАБОТАТА НА ОБЈЕКТОТ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

НАДМИНАТ Е ПРОБЛЕМОТ СО АВТОДИГАЛКАТА НА ФАКОМ И ПРОДОЛЖИ БЕЗБЕДНО РАБОТАТА НА ОБЈЕКТОТ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Реномираната компанија Факом во текот на минатата ноќ експресно го санира техничкиот проблем на автодигалката на објектот Адора Flatiron Скопје и денес изградбата на овој комплекс, чиј инвеститор е градежниот бренд Адора инженеринг, продолжи непречено и целосно безбедно. Факом и Адора инженеринг ја известуваат јавноста дека при реализација на инвестициските проекти од градежништвото и високоградбата, не е исклучено да дојде до евентуални проблеми од техничка природа, но тие не треба да се преувеличуваат, драматизираат и непотребно да се создава паника, посебно кога нема никакви штетни последици. Адора инженеринг и Факом им благодарат на медиумите за коректното информирање и на сите кои покажаа разбирање за проблемот, што заедно со стручната  интервенција, придонесе техничкиот проблем на автодигалката за брзо време да биде надминат. Објектот Адора Flatiron Скопје продолжува да се гради според зацртаната динамика, стабилност и квалитет. Факом Скопје и Адора инженеринг секогаш ги сведуваат на минимум ризиците кои се придружна појава во секоја индустрија.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ