Најсреќни во поделбата на питата за Василица во Адора инженеринг, беа Данка Чифлиганец, основач на компанијата и Стефан Орачевски, главен градежен инженер, во чии парчиња се падна паричките во дирекцијата и на објектите на Адора инженеринг. Според верувањето, паричките на Чифлиганец и Орачевски ќе им носат среќа, здравје, бериќет и успех во текот на целата година, што им го посакаа вработените. Почетокот на Православната Нова година според Јулијанскиот календар на празникот Свети Василиј Велики е еден од празниците што традиционално и пригодно се одбележува со дружење на вработените во Адора инженеринг.