НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЧЕСТИТКА ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ

ЧЕСТИТКА ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ

Адора инженеринг на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Богојавление-Водици. Нека е за многу години денот во чест на Христовото крштевање, кога со големиот Богојавленски водосвет се осветуваат сите води, во кои по светиот крст се фрлаат најхрабрите, а најсреќниот фаќач е благословен и даруван. Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец во рамките на традиционалната општествена одговорност, во 2014-та година, во Охрид го даруваа Спомен обележјето „Фаќач на крст“ на местото каде се одвива церемонијата на фрлањето на крстот во осветените езерски води, а на брегот на реката Вардар во скопски Аеродром е подигнат православниот храм Свети Јован Крстител, чиј комплекс наскоро ќе биде заокружен со осветување на крстилницата. adora-bog-se-javi-01

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ