НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЧЕСТИТКА ОД АДОРА ДО СИТЕ ДАМИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА

ЧЕСТИТКА ОД АДОРА ДО СИТЕ ДАМИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА

Адора Бизнис Групацијата на своите вработени од понежниот пол, на сите соработнички, на сите дами кои својот дом го избрале од нашиот градежен бренд, на сите пријателки и дами во Македонија и во светот им го честита 8-ми Март, интернационалниот ден на жената. Ѝ посакуваме среќен празник на секоја дама која го прави овој свет поубав и подобар, на секоја мајка, баба, жена, која безусловно ја дарува својата љубов, сила и енергија, секој ден за доброто на сите. На празникот на дамите посакуваме поголема родова еднаквост и поголема застапеност на жените на сите скали во општеството, во бизнисот, политиката и другите сфери од животот, со што можеме овој свет да го направиме многу посреќен! Историскиот датум кога за прв пат е одбележан 8-ми Март како празник датира од 1909 година, а ние порачуваме саовремените дами да го имаат 8-мо мартовското внимание секој ден во годината, зошти тие тоа го заслужуваат! Симболично, како гест на внимание, благодарност и почит, годинава упатуваме 8-мо мартовска честитка на македонски, српски и англиски јазик, во знак на афирмација на одличната соработка на брендот Адора со блискиот српски народ и пријателска Србија, каде успешно го реализираме најновиот хотелско-резиденцијален комплекст 21st Century Residence, spa & wellness на Златибор и во духот на светската глобализација, како носечки движечки фактор за градење на подобра иднина за сите.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ