НОВОСТИ

НОВОСТИ

Чифлиганец: Бизнисот да нуди конкретни решенија во дијалог со владата, за подобар деловен амбиент.

Чифлиганец: Бизнисот да нуди конкретни решенија во дијалог со владата, за подобар деловен амбиент.

Подобрување на економскиот амбиент, остварување на поголем економски раст чиј креатор ќе биде приватниот сектор, а не државата, отворање на поголем број работни места, транспарентна комуникација меѓу стопанството и владата, побараа бизнисмените од премиерот Зоран Заев и економските министри на средбата во Стопанската комора на Македонија. Над 200 стопанственици имаа можност на едно место да се видат, да разговараат, да разменат мислења.  Генералниот директор на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, во разговор со бизнисмените, премиерот Зоран Заев, министрите во Владата и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, посочи дека ваков тип на средби треба редовно да се одржуваат, за да можат бизнисмените да дадат конкретни предлози кои ќе водат кон подобрување на деловниот амбиент. Стопанствениците на првата средба со премиерот и министрите побараа администрацијата побрзо да ги решава нивните предмети, транспарентност при продажбата на државно градежно земјиште, укинување на ДДВ за увоз на опрема за производство, евтина струја за малите бизниси. Премиерот Зоран Заев, покажа подготвеност за соработка со бизнис секторот за заедничко креирање на политиките и изградба на солидарно општество. „Имаме амбициозни и добро мотивирани министри, економските ресори во Владата функционираат беспрекорно, голема е желбата да бидеме сервис на бизнисот и на граѓаните. Ќе поттикнувам и очекувам критики, предлози и сугестии до власта во насока на што подобра, развиена и конкурентна економија“, истакна премиерот  Зоран Заев. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев ги презентира приоритетите на економскиот тим на владата – стимулирање на извозот, изедначување на странските и домашните инвеститори, реформи во електроенергетскиот систм и инвестиции во инфраструктурата. 1-2 nova-slika-za-veb-zaev nova-slika-za-veb-zaev-2

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ