НОВОСТИ

НОВОСТИ

2,5%-ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА КАМАТНА СТАПКА НА КРЕДИТ ЗА КУПУВАЊЕ ЕЛИТЕН СТАН ВО МАКЕДОНИЈА, ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-СКОПЈЕ

2,5%-ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА КАМАТНА СТАПКА НА КРЕДИТ ЗА КУПУВАЊЕ ЕЛИТЕН СТАН ВО МАКЕДОНИЈА, ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-СКОПЈЕ

-„Адора Инженеринг“-Скопје, градежниот лидер во регионот и најуспешна компанија во градежништвото во 2012-та година според Централниот Регистар на Република Македонија, на своите купувачи им нуди најповолен станбен кредит со историски најниска каматна стапка досега во Македонија. Со само 2,5 % камата, субвенционирана во првите три години од „Адора Инженеринг“, во соработка со НЛБ Тутунска банка,  граѓаните од сите социјални слоеви, оние со поплиток и со подлабок џеб, сега можат многу полесно од порано, да станат сопственици на елитен квалитетен дом и со тоа да го решат животното прашање. Ова е единствена можност во Македонија, под супер  поволни услови, граѓаните да си овозможат купување на нов, топол дом, изграден според најновите европски стандарди за квалитетно домување, со гарантирана асеизмичност, геомеханичка стабилност, енергетска ефикасност, кој долгорочно овозможува заштеда на енергија и пари. Успехот од 10 годишното работење, потврден со европското  признание за најуспешна компанија и најуспешен менаџер во 2012-та година, наградата за најеколошка компанија во 2013-та и изборот за градежен супербренд во Македонија за 2013/2014 година, компанијата на овој начин сака да го подели со своите купувачи на елитни станови и деловни простории, овозможувајќи им среќно домување и успешен бизнис. – изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженеринг“-Скопје.

Првите луѓе на Адора Инженеринг и НЛБ Тутунска Банка, д-р Ванчо Чифлифанец и Ѓорѓи Јанчевски

-„Како резултат на долгогодишната соработка со „Адора Инженеринг“, воведовме нов продукт, единствен од овој вид на пазарот-станбен кредит со досега историски најниска каматна стапка од 2,5 % фиксна за првите три години од отплата на кредитот, со што е збогатена уште еднаш понудата на кредитни продукти на НЛБ Тутинска Банка, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и компаниите со кои соработуваме“.- изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управниот Одбор на НЛБ Тутунска Банка.

Д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг и Ѓорѓи Јанчевски, прет. на УО на НЛБ Тутунска Банка

-„Адора Инженеринг“, во гласањето за македонски Супербренд за 2013/14 година,  ги доби највисоките оценки во својата категорија – градежништво, високоградба и е прогласена за единствен супербренд во градежништвото во Македонија. Гласањето, врз основа на стандардите што ги поставува меѓународната организација Супербрендс, беше направено, како и секогаш, од страна на 50-члено стручно жири како и повеќе од 1600 потрошувачи, кои ги препознаа главните критериуми  што еден бренд треба да ги поседува за да се одвои од конкуренцијата: да биде висококвалитетен, поразличен, да нуди сигурност и да има доверба кај крајниот купувач, за да се здобие со титулата Супербренд. Признанието Супербренд на Македонија за 2013/14 година е уште еден доказ дека брендот „Адора Инженеринг“ е најпрепознатлив во својата категорија, градежништво-високоградба, кој со право ја ужива довербата кај своите деловни партнери и што е уште поважно, кај крајните купувачи кои добиваат дом по своја желба и мерка, вели Г-дин Зоран Саздовски, претставник на Супербренд, Македонија. 

Заедничка прес конференција на Адора Инженеринг, НЛБ Тутунска Банка и претставникот на Супербренд
Топ менаџментот на Адора Инженеринг и НЛБ Тутунска Банка

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ