12Biljanini izvori-Ohrid

ИЛИНДЕНСКИ ВИКЕНД НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ОХРИД

Градежната компанија „Адора Инженеринг“-Скопје, во чест на 110 годишнината од  националниот празник Илинден, организира специјална празнична викенд промоција во Охрид. Со дистрибуција на новиот информативен флаер на македонски и англиски јазик за елитниот станбен објект во Билјанини Извори-Охрид и  новите станбени објекти во Скопје, сите граѓани, домашни и странски гости во Охрид ќе имаат можност да се запознаат со понудата на асеизмичките, квалитетни,  еко домови што ги гради компанијата и да добијат можност за вредни награди со  купен стан. Целта на промотивната кампања на Адора во Охрид е компанијата која е градежен лидер во Македонија, единствен градежен супербренд, со многу награди за својата работа, да го подели задоволството од успехот со купувачите, граѓаните и туристите во Охрид за време на празничните  денови. 

Како корпоративна општествено-одговорна компанија што го поддржува фестивалот Охридско Лето, во чест на националниот празник Илинден, „Адора Иженеринг“ во духот на традицијата и годинава ќе организира еко акција за чистење на Античкиот театар во Охрид, по концертот на VIVA VOX, на 2 август. Целта е преку заедичка акција на вработените во „Адора Инженеринг“, Охридско Лето и Охридски Комунаналец, да се манифестира грижа за животната средина и развиена свест за чување на непроценливото културно-историско наследство, за нас и идните генерации. 

 

 

Archive