„Адора Инженеринг“ по трет пат со репрезентативен штанд се претставува на Меѓународниот саем за недвижности RealExpo 2013 во Скопје. Периодот меѓу двете саемски манифестации беше со најголеми инвестициски проекти на компанијата, која комплетно заврши и предаде 300 станови со имотни листови. Во тек е изградбата на пет нови елитни висококвалитетни станбено-деловни објекти во Скопје со 300 станови, во општина Аеродром, Ново Лисиче, кои се во завршна фаза на изградба, пред имотен лист. „Адора Инженеринг“ очекува да биде рангирана меѓу 15-те најуспешни компании во Македонија во 2012 година, кога компанијата двојно ги зголеми инвестициите, приходите, добивката и бројот на вработените. „Благодарение на системските мерки на државата, добрата бизнис клима во градежништвото и визијата на нашиот менаџмент, целата добивка ја реинвестиравме во компанијата, во идни проекти. Владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ не мотивираше да ја намалиме нашата добивка, со што сега сите купувачи добиваат стан со врвен квалитет за прифатлива цена, изграден по најновите светски трендови и технологии за квалитетно и економично домување.“ – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора Инженеринг“ на отворањето на саемот, каде овој штанд го посети вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, кој го поздрави успешниот развој и раст на оваа градежна компанија и подвлече дека градежништвото во Македонија е двигател на економскиот раст во услови на светска економска криза.
Вицепремиерот Ставрески го посети штандот на Адора Инженеринг
Адора Инженеринг на Саемот на недвижности RealExpo
Сите купувачи на стан на саемот за недвижности RealExpo, од 5 до 9 март „Адора Инженеринг“ ги наградува со незаборавно патување во светската туристичка и градителска атракција Дубаи, за купувачите е обезбеден специјален саемски попуст, а компанијата ги субвенционира купувачите во првите 3 години во отплатата на каматата од 3,2% за станбен кредит во Стопанска банка. Со овие доста поволни услови, граѓаните можат да купат нов енергетски ефикасен стан, изграден со примена на најновите светски стандарди и технологии за заштеда на енергија и пари, во елитните станбено-деловни објекти на „Адора Инженеринг“ во Скопје-Центар-Под Водно, Скопје-општина Аеродром-Ново Лисиче, во Охрид-Билјанини Извори и Струмица-Парк.
Ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец со новинарите
Штанд на Адора Инженеринг на Саем на недвижности RealExpo
„Адора Инженеринг“ која најавува нови инвестициски проекти во Скопје, гради современ трговски центар со површина од 3.000 м2 во близина на станбената населба на оваа компанија во општината Аеродром во Ново Лисиче, Скопје, во близина на паркот со авион, каде се гради и црквата „Свети Јован Крстител“, што оваа компанија и нејзиниот генерален директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја донираат за жителите на оваа општина, Скопје и Македонија.
Посетители на штандот на Адора Инженеринг на RealExpo 2013