НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЕ ПРЕТСТАВУВА НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЕ ПРЕТСТАВУВА НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Под слоганот 100 % МАКЕДОНСКА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, Адора Инженеринг на препознатлив штанд се претставува на 4-тиот Меѓународен саем на недвижности и инвестиции RealExpo 2014, кој беше отворен денес на скопскиот саем во рамките на 11-тиот Саем за градежништво. Саемот го отвори заменик претседателот на владата на Република Македонија и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, а најпосетен беше штандот на Адора Инженеринг. Сите купувачи на стан на саемот со останатите купувачи во текот на годинава, влегуваат во наградната игра за добивање на најнов модел автомобил ПОЛО, а традиционално купувачите на стан на саемот, со Адора ќе патуваат во Дубаи.

Штандот на Адора Инженеринг на 4 Саем на недвижности REALEXPO во Скопје

Градежништвото минатата година забележа пораст од 33 %, што е потврда дека овој сектор имаше извонредно значајна улога во растот на македонската економија, што меѓу другото се должи и на поттикнувањето со многу мерки и   активности од приватниот сектор и владата на Република Македонија во насока на поддршка на градежната активност и на инвестициите во овој сектор.“ – порача вицепремиерот Ставрески, кој на отворањето на Саемот на недвижности најпрво го посети штандот на Адора Инженеринг, каде во разговор со менаџментот, се интересираше зошто елитните станбени објекти на овој градежен супербренд се препознатливи како 100 % македонска квалитетна градба, за тестирањата на нивната сеизмичка стабилност со „вештачки земјотрес“, како и за учеството на компанијата во владиниот проект „Купи куќа, купи стан“.

Вицепремиерот м-р Ставрески, прет. на Градежната комора Сеад Кочан, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и д-р Драгана Чифлиганец, ген. и изв. директор на Адора Инженеринг на отворањето на Саемот на недвижности

  „Адора Инженеринг е вклопена од почетокот во проектот „Купи куќа, купи стан“, а  сега и со двата најнови објекти кои со 110 елитни енергетски ефикасни станови се градат во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје на локации купени од државата на транспарентна лицитација. Компанијата е типичен пример која сите поволни системски мерки на владата ги користи за успешно да работи, за што илустрација е фактот што сите станови изградени во една година, ние ги продаваме. Во текот на 2013-та Адора Инженеринг продаде 274 станови, а во првите месеци од 2014-та, се продадени повеќе од 25 станови месечно. Слоганот 100 % македонска квалитетна градба значи дека во градежната оператива во текот на целата година  работат повеќе од 400 до 500 работници од Македонија и најголемиот процент од градежните материјали и деловните партнери се од македонско потекло.“ – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир на Адора Инженеринг кој подвлече дека високата сеизмичка стабилност на објектите, потврдена со два „вештачки земјотреси“, се должи на вградувањето на 40 до 50 % повеќе железо и поцврст бетон од проектираното, со што се потврдува довербата кај купувачите и е гаранција за нивна безбедност и мирен сон, во прилог на новите измени на Законот за градење.

За купувачите и посетителите на REALEXPO 2014, Адора Инженеринг има богат промотивен материјал за понудата на станови и деловни објекти, низа поволности, вредни изненадувања и интересни подароци. Саемот на недвижности на кој се претставуваат  300 компании од Македонија и Европа, со понуда од 3.000 станови, е отворен секој ден од 10 до 19 часот, до сабота- 8 март, кога е затворањето  на саемот.

Голема заинтересираност на медиумите за градежниот супербренд Адора Инженеринг, за што изјава даваше и одговараше на прашања ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец

 

 

Штандот на Адора Инженеринг на Саемот на недвижности и инвестиции 2014

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ