НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗАПОЧНА ДА ГО ГРАДИ ВТОРИОТ ОБЈЕКТ ВО ЕЛИТНИОТ СТАНБЕН КОМПЛЕКС ВО СРЦЕТО НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗАПОЧНА ДА ГО ГРАДИ ВТОРИОТ ОБЈЕКТ ВО ЕЛИТНИОТ СТАНБЕН КОМПЛЕКС ВО СРЦЕТО НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Во непосредна близина на црквата „Свети Илија“ и Меѓународната железничка и автобуска станица во Скопје, во срцето на Општина Аеродром, Адора Инженеринг го гради вториот елитен објект во станбениот комплекс со три објекти на овој простор. По длабинските стручни испитувања на тлото и постигнатата геомеханичка стабилност до 100 Mpa, поставена е темелна плоча со дебелина од 120 cm и сега  во тек се армирано-бетонските работи на објектот.

Со примена на висококвалитетни градежни материјали, современи стандарди и нови технологии, и овој станбен објект на градежниот супербренд Адора Инженеринг  ќе биде со  врвна асеизмичка стабилности, ниско енергетски ефикасен од највисока класа, којшто на станарите ќе им овозможи 6 пати помали трошоци за енергија за греење и за шест пати помали месечни сметки за струја за греење за разлика од порано.

Новиот станбен објект на Адора Инженеринг во Скопје, „Аеродром-Црква“ е проектиран на 9 ката со поткровје, ќе има 120 елитни современи станови со површина од 24 до 86 м². Објектот е на улица „Руди Чајевац“ бр. 41, Скопје, за кој Општина Аеродром има издадено одобрение за градба со број 23-101, К. О. Кисела Вода 2.

                                              

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ