Аеродром парк

Нов урбан симбол
во центарот на Скопје

Аеродром парк

Грандиозното здание Адора Flatiron е во урбаното срце на Скопје, 900 метри-7 минути пеш од главниот плоштад. Нуди прекрасен панорамски поглед кон македонската метропола. 

Нов урбан симбол во центарот на Скопје

Аеродром парк

Нов урбан симбол во центарот на Скопје

Грандиозното здание Адора Flatiron е во урбаното срце на Скопје, 900 метри-7 минути пеш од главниот плоштад. Нуди прекрасен панорамски поглед кон македонската метропола. Станбено-деловниот комплекс со препознатлив печат е на бул. „Борис Трајковски“ бр. 1, кај Стара Рампа, со развиена инфраструктура и лесен пристап пеш, со возила и јавен превоз. Во близина има значајни институции и низа предности за висок урбан стил на живеење и бизнис во централното подрачје на Скопје

SIGNATURE

Карактеристики

Адора Flatiron Скопје е маркантно здание со височина од 60 метри и вкупна изградена површина од 29.200 m², со препознатлив стил и архитектура, што стави силен урбан печат на современо Скопје.
На 16 катови се распоредени 279 модерни, функционални, комфорни домови и луксузни penthouse станови со површина од 31 до 270 m². Објектот има три посебни влезови за становите, седум екстра квалитетни, експресно брзи и бесшумни лифтови. Становите се распоредени по шест на еден кат, во еден влез, со цел станарите да уживаат во интимно и хумано домување во урбаното јадро.

Комплексот располага со 394 паркиралишта за возила на 3 подземни нивоа и партер и со посебен паркинг простор за велосипеди.

Во централниот влез на објектот има домарска служба со приемна рецепција, која е 24 часа на услуга на станарите и посетителите.

Комплексот Адора Flatiron Скопје, започна со градба на 31 јули 2015 година. Целосно е завршен и пуштен во употреба на 26 декември 2017 година.

Аеродром парк

Урбаниот дух на Њујорк во современо Скопје

Flatiron by Адора го донесе универзалното културно наследство во Скопје, осовременето со атрибутите на 21-виот век и ја стави Македонија на светската мапа на безвременски архитектонски вредности. Идејата за неговата изградба е инспирирана од славната Њујоршка зграда, урбаната икона Fuller Flatiron, импозантното здание на V-та авенија на Менхетн. Објектот со триаголна форма, впечатлива надворешност и уникатен дизајн, го донесе сјајот на урбаната архитектура од светските метрополи во Скопје и Македонија. Тука се живее со елитен стил, по последните стандарди и трендови, со комфор од сите аспекти. Македонскиот Flatiron нуди идеални услови за развој на успешни бизнис приказни.

Ентериер со шарм и префинет стил

Во Flatiron by Adora има А-класа бизнис центар на прв кат, со посебен влез и приемен пулт, сопствен лифт и модерен дизајн на ентериерот, суптилно стилизиран, ексклузивно опремен, функционален, оплеменет со бројни детали.
На приземјето се наоѓаат модерни ексклузивни деловни простории, со директен пристап од надворешниот дел.
Со атрактивна локација, висок квалитет и одлични услови, деловните простории се погодни за развивање успешни бизниси и различни дејности на познати светски и национални брендови.

Екстериер што восхитува

Адора Flatiron, со формата и надворешноста, совршено се вклопи во просторот и триаголната локација во центарот на Скопје, потсетувајќи на Fuller Flatiron, урбаниот симбол на Њујорк, еден од најубавите градови во светот. Низ хармоничен спој на старото и новото, ова грандиозно здание во македонската престолнина, израсна во впечатливо обележје на 21 век, што го редефинира и оплемени урбаниот лик на Скопје, со архитектонски израз кој зрачи со префинетост и универзална вредност.
Уникатен изглед на објектот му дава рустикалната фасада со нежни тонови, романтичните тераси со филигранска ограда и афтентичното партерно уредување. Екслузивните penthouse станови овозможуваат спокоен живот на висина од 50 метри над земја, во сопствено парче од небото. Објектот нуди прекрасен панорамски поглед кон строгиот центар на Скопје, падините на Водно и Милениумскиот крст, Шар Планина, Скопска Црна Гора, реката Вардар..
Посебна атракција е илуминацијата на комплексот Адора Flatiron во ноќните часови, кога тој зрачи како своевиден украс на централната зона на Скопје.

SIGNATURE

Ентериер со шарм и префинет стил

Адора Flatiron, кој со надворешноста го збогатува идентитетот на македонската метропола, со внатрешниот дизајн го оплеменува нејзиното социо-културно живеење, нудејќи достоинствено домување со можности за заедничко комуницирање и индивидуален стил на живеење.
Централно место во внатрешноста има атриумот, отворен средишен простор со стаклен покрив и директен поглед кон небото, со изобилство природна светлина и свеж воздух. Внимателно креиран од искусниот тим архитекти во Адора инженеринг, во соработка со реномирани европски архитекти и дизајнери, ентериерот е во чекор со новото време, декориран со природни материјали и урбана опрема. Модерно уреденото фоаје со егзотични бонсаи дрвца и брендирани елементи ја облагородуваат целата висина на комплексот, кој има декоративни подни и ѕидни облоги од природен камен, гранит и мермер, во хармонично нијансиран колорит. Заедничките простории се со автентичен дизајн, големо украсно огледало, раскошни кристални лустери и уметничка слика. Внатрешно амбиентално осветлен, објектот се доживува како мал град и урбана оаза со раскошна, релаксирана, топла атмосфера, што никого не остава рамнодушен.

Преку ВР технологијата на визуелизирана изведена состојба ( Виртуелна реалност ) разгледајте ја внатрешноста на централниот атриум во објектот Адора Flatiron

Награди

Објектот е добитник на престижната интернационална награда The Bizz 2016, во Монте Карло, Монако, од Светската бизнис конфедерација за исклучителна иновативност во стилот и квалитетот на домувањето и на националната награда од министерството за економија за изградба на зелени домовии без еко и звучно загадување, во рамки на светската кампања за изградба на зелените градови.