НОВОСТИ

НОВОСТИ

Д-р Драгана Чифлиганец-добитник на признанието „ДАМА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО“ на Саемот на градежништво и недвижности 2014

Д-р Драгана Чифлиганец-добитник на признанието „ДАМА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО“ на Саемот на градежништво и недвижности 2014

Д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на градежната компанија Адора Инженеринг е добитник на признанието „ ДАМА во градежништвото“,  за посебен придонес во градежништвото и уривање на стереотипите, што за прв пат во неколку кетегории го додели Саемот за градежништво и недвижности 2014 на затворањето на оваа манифестација. Д-р Чифлиганец која е потврда за постоењето на цврсти и силни жени во „машкиот градежен бизнис“ изјави дека нејзин приоритет е следењето и примената на светските стандарди и иновации во Македонија за квалитетно, сигурно, економично и здраво домување во изградбата на енергетски ефикасните домови по што е препознатлива Адора Инженеринг, како и општествената одговорност, на што е посветена компанијата. Како млада личност, д-р Драгана Чифлиганец ги има поминато сите скалила на развој и практична едукација во високата градба, работејќи вредно, професионално  и посветено во градежната компанија Адора Инженеринг, за што образовно се има едуцирано на реномираниот англиски универзитет Шефилд во Солун, Грција, а докторската титула од областа на управувањето со малите и средни претпријатијата во Македонија, ја стекна на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Доделување на наградата „ДАМА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО“ на д-р Драгана Чифлиганец, изв. дир.на Адора Инженеринг

Ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец со наградените дами во градежниот бизнис на Саемот на градежништво и недвижности 2014
Адора Инженеринг на 4-тиот меѓународен Саем на недвижности и инвестиции REALEXPO 2014, оствари рекордна продажба на 14 елитни станови изградени од овој единствен градежен супербренд во Македонија. „Многу сум задоволен од Саемот на недвижности 2014, на кој штандот на Адора Инженеринг го посетија илјадници посетители. За време на саемот продадовме 14 елитни висококвалитетни станови, а 20 заинтересирани купувачи ги очекуваме да потпишат договор за купување стан идната недела. Им благодарам на сите купувачи и посетители на штандот на Адора Инженеринг за довербата и ветувам дека ќе продолжиме со изградба на сигурни, енергетски ефикасни, долгорочно економични станови и во иднина“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг на затворањето на REALEXPO 2014. Купувачите на стан од Адора Инженеринг на Саемот на недвижности 2014  можеа да избираат меѓу традиционалната награда патување во светската  туристичка атракција Дубаи, поволности за паркинг простор и други пригодни саемски подароци. Заедно со останатите купувачи на стан од Адора Инженеринг во текот на 2014-та, купувачите на стан на саемот влегуваат во трка за добивање на вредната награда најнов модел автомобил ПОЛО, на  извлекувањето на крајот од годинава.
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг на Саемот на недвижности 2014 на штандот на Адора Инженеринг
Претставување на Адора Инженеринг на Саем на недвижности 2014

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ